Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Наставни » Изведена теренска настава до Катлановска Бања

Изведена теренска настава до Катлановска Бања

На 22 ноември 2021 година беше реализирана теренска настава на просторот на Катлановска Бања со студентите од Институтот за географија. Теренската настава беше организирана согласно наставната програма по предметите општа геологија со петрографија (за студентите на студии ои географија), бањски туризам и претприемништво (за студентите на насока туризам).Во рамките на теренската настава проф. д-р Ивица Милевски имаше предавање за геолошките карактеристики на просторот, за потеклото и особеностите на термалните води. Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска се надоврза во излагањето за термалните води како природен ресурс ставен во функција на развој на бањскиот туризам.Во реализација на теренската нстава беа вклучени асс. м-р Анита Тодорова и демонстраторите Бојана Алексова и Христина Ниневска. Студентите имаа можност да ги погледнат современите објекти на бањата, но и старите остатоци од некогашната римска бања. Тоа беше можност да се комплетира сликата за природниот потенцијал на просторот кој од дамнина се користел за лекување, рехабилитација и релаксација.Воедно теренската настава беше одлична можност за дружба на отворено, онака како што налагаат протоколите во услови на пандемија со COVID 19. Искрено се надеваме дека набрзо дека ќе се надмине моменталната состојба и теренските настави повторно ќе бидат важен сегмент од студирањето на Институтот за географија, како неопходност да се доживее, осознае просторот и да се формираат трајни знаења.

Подготвила: проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Објавено од:

Од категорија: Наставни · Tags: , , ,

Leave a Reply

*