Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » Најчести географски имиња во Светот

Најчести географски имиња во Светот

29.01.2012

Ова е листата на наjчести географски имиња во светот. Листата е направена од страна на Американската FIPS55 база на податоци (158.000 американски имиња) и Американската GEOnet база на податоци (5,6 милиони географски имиња во светот). Податоците се вчитани на 1 јануари 2006 г.

San José или San Jose (мак. Сан Хозе) е најупотребуваното географско име. Постојат 1716 географски имиња Сан Хозе. Сан Хозе е главен и најголем град во Костарика. Сан Хозе е трет град по големина во Калифорнија и деcети град по број на жители во САД. Понатака, 4 градови во Аргентина го содржат името Сан Хозе, 5 градови во Колумбија, по 11 оштини и градовизаедно, во Костарика и Гватемала, 8 во Мексико, 14 на Филипините итн. Два острови во САД го имаат ова име, како итретиот по големина остров од Фолкландскиот архипелаг итн. Инаку во превод Сан Хозе е Свети Јосиф од Назарет или Свети Праведен Јосиф, мажот на Марија, мајка на Исус Христос.

San Antonio (мак. Сан Антонио) е географско име кое го носат 1691 места во светот. Сан Антонио е трет град по големина во Тексас и седми во САД. Во Аргентина 5 градови, во Мексико 7 градови, во Гватемала 7 општини го носат името Сан Антонио. Во САД има повеќе градови Сан Антонио, планина Сан Антонио, езеро и река Сан Антонио. Езеро во Боливија и река во Перу исто така се викаат. Сан Антонио потекнува од Свети Антон Падовански, кој бил католички свештеник од почетокот на 13. век.

Ѕanta María илиSanta Maria (мак. Санта Марија) има 1246 географски имиња. Санта Марија е голем активен вулкан во Гватемала. Во Бразил 15 општини или градови го содржат името Санта Марија. Во Италија неколку комуни го содржат ова име, многу цркви, меѓу кои најпозната е Црквата Санта Марија Маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим.Многу општини, градови, села и цркви се викаат Санта Марија во Португалија, Мексико и особено во Шпанија. Санта Марија е Богородица Марија, позната и како Дева Марија, Светата Мајка или Блажена Марија. Според верувањата на христијаните  мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф.

Santa Rosa (мак. Санта Роса) постојат 1212 географски имиња во светот. Најчесто е во Мексико . Во Аргентина 4 градови го носат ова име, 3 во Бразил, во Колумвија 6. Многу често име е и во САД, Санта Роса е град дванаесети по големина во Калифорнија, два острова и две планини се викаат Санта Роса. Санта Роса е национален парк во Костарика итн.

San Pedro (мак. Сан Педро) е геогарафско име кое се повторува 1191 пати. Најчесто е во Костарика, Гватемала, Шпанија, САД и државите во Јужна Америка. Сан Педро се вика вториот по големина град во Хондурас. Сан Педро е име на две реки и на еден од највисоките активни вулкани во Чиле. Име на вулкан во Гватемала, залив на Филипините. Сан Педрово превод е Свети Петар, односно Апостол Петар, еден од првите евреи кои станале ученици – апостоли на Исус Христос и новата вера.

San Juan (мак. Сан Хуан) е следно најупотребувано географско име, има такви 1166 имиња. Најчесто е во САД и на Филипините. Сан Хуан еглавниоти најголемиот град во Порторико.Сан Хуан е провинција во Аргентина, исто се вика нејзиниот главен град, како и една река. Во Мексико има две реки Сан Хуан, две реки на Филипините, по една во Аргентина, Никарагва, Куба, Колумбија, Канада итн. Во САД има неколку окрузу и гратчиња со ова име, планина, Сан Хуан архипелаг и др. Сан Хуан е Свети Јован Крстител,  братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан.

San Francisco (мак. Сан Франциско) има 1017 географски имиња. Сан Франциско е четвртиот најголем град во Калифорнија и четиринаесетиот најголем во САД. Со ова име именувана е вулканска област и една од планините во таа област во Аризона. Многу често географско име е во Мексико и во државите во Јужна Америја. Сан Франциско де Кито, често именуван и како Кито е главен град на Еквадор. Глечер во Чиле го носи ова име,река во Бразил итн. Сан Франциско е Фрањо Асишки или Џовани Франческо Бернардоне, основачот на фрањевците.

Други чести географски имиња се: San Miguel (Архангел Михаил, 989), San Isidro или San Ysidro (Свети Исидор од Севиља, 892), La Esperanza (852), Santa Cruz (824), San Rafael (762) итн.

Подготвил: Ивица Маџевиќ, дипломиран географ

Оваа статија е прочитана 5355 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger