Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Наставни » Теренска настава-прирачник по географија

Теренска настава-прирачник по географија

Во септември 2011 година, од печат излезе прирачникот по географија Теренска настава. Автори на учебникот се универзитетските професори д-р Никола В. Димитров, доцент на Факултетот за бизнис и логистика при Универзитетот Гоце Делчев и проф. д-р Благоја Маркоски, редовен професор на Институтот за географија-ПМФ, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Издавач на прирачникот е ГЕОМАП од Скопје.

Автори: Н. В. Димитров и Б. Маркоски Ова е прв прирачник кој во целост ги запознава и води наставниците по географија, во теориските и практичните вештини на процесот на изведување на теренските настави, од првичната идеја, преку планирањето, изведувањето, се до сумирање на постигнатите резултати на теренската настава.

Прирачникот концепциски е поделен на два дела, општ и посебен дел. Првиот дел дава корисни информации за дидактичко-методолошкиот пристап во организирањето на теренската настава. Притоа корисниците можат да се стекнат со сознанија за: поимот, целите, предметот, принципите, методите, стратегиите, техниките, корелацијата, стручното обликување и поделбата на теренската настава. Со цел да им се доближи тематиката на корисниците авторите во вториот дел на едноставен и разбирлив стил на пишување даваат разни практични примери. Во вториот дел, читателите може да стекнат сознанија за примери на теренска настава за ориентација во географскиот простор, примери на теренска настава според должината на реализација, комплексноста и поливалентноста.

Од технички аспект, прирачникот е одлично технички дизајниран, со 114 страници, голем број фотографии, табели, шематски прикази, прашалници и прилози. Дека авторите се грижеле за сите детали, зборува и форматот А5 (210 x 148 mm) кој е погоден за носење во теренски услови.

Иако прирачникот е наменет за наставниците по географија од основно и средно образование, корисни информации можат да добијат и наставниците од другите дисциплини, но и љубителите на природата, особено во делот посветен на ориентацијата во географскиот простор.

м-р Свемир Горин

Објавено од:

Од категорија: Наставни · Tags: , ,

Leave a Reply

*