Колкав е бројот на досега пронајдените планети?

До 31.1.2012 астрономите од целиот свет успејале да откријат 755 екстрасоларни планети (планети околу други ѕвезди). Заедно со  8 те планети од нашиот сончев систем  дава една егзактна бројка од 763 познати планети во вселената. Од вкупниот број 605 планети припаѓаат од групата една планетa на една ѕвезда, а останатите припаѓаат на повеќепланетарни групи (повеќе планети-едно сонце) вклучувајќи го и нашиот сончев систем. Од сите досегашни пронајдени објекти во вселената кандидати за планети има уште многу, но се наоѓаат на листата на проучување. Само на листата на вселенскиот телескоп Кеплер има 1235 пронајдени објекти кои чекаат проверка. Врз основа на досегашните теоретски модели се спровело истражување за тоа колку планети има во нашата галаксија. Врз основа на статистичките податоци се дошло до бројка да на секоја ѕвезда во просек во нашата галаксија припаѓа по 1,6 планети. Имајќи предвид дека нашата галаксија е составена од најмалку 100 милијарди ѕвезди, тоа би значело дека во просек во нашата галаксија има околу 160 милијарди планети. Ако го погледнеме и фактот дека  вселената е составена од број на галаксии што се пишува со голем број на нули, јасен е фактот дека ние никогаш неможеме да дознаеме колку всушност планети има во вселената. На бројот сите овие планети може да се додаде и бројката на таканаречените „Патувачки Планети“ кои не се врзани гравитациски за ниедна ѕвезда. Со оваа бројот на планети е уште поголем.

http://zvjezdarnica.com/astronomija/zanimljivosti/koliko-ima-planeta-u-svemiru/1435

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

Оваа статија е прочитана 5023 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *