Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Природник... » Размена на студенти: Егеа Скопје/Егеа Белград, дел во Белград

Размена на студенти: Егеа Скопје/Егеа Белград, дел во Белград

23.02.2012

По точно една година ИЗСГ Природник – ЕГЕА Скопје повторно учествува во размена на студенти. Се работи за jубилејна петта размена, за прв пат со ЕГЕА Белград. Размената е замислена во два дела, прв дел во Белград (16/19.02.2012), а вториот дел во Скопје (01/04.03.2012). До сега е завршен само првиот дел во Белград, па така во оваа прилика ќе се обидеме да ве запознаеме во тој дел.
Имено во размената учествуваат по 8 студенти од Македонија и Србија. Авантурата започна на 15.02.2012 во 20 часот, кога со воз се упативме кон Белград. Во раните утрински часови пристигнавме во Белград, каде срдечно бевме пречекани од нашите домаќини, а по утринското чајче се упативме кон новите домови. По предвидениот одмор, околу 12 часот се собравме на плоштадот на Слободата, а од таму се упативме кон храмот Св. Сава, го разгледавме овој храм, воедно домаќините не запознаа со него. Потоа ни беше претставен центарот на Белград (хотел Москва, Парламентот на Србија, како и останатите знаметитости), а како крајна цел на тој ден ни беше Белградската тврдина – Калемегдан. Вториот ден беше замислен за посета на Авала, но поради лошите временски услови дојде до промена на планот, се упативме кон Земун, каде најпрво се шетавме по кејот на Дунав (кој беше целосно замрзнат), а од таму се упативме кон кулата Гардош. Овој ден го завршивме со посетата на трговскиот центар Ушче. Третиот за разлика од првите два дена беше замислен за посета на Нови Сад, па така во 10 часот најпрво со воз се упативме кон овој град, а околу 12 часот веќе бевме таму. Бидејќи имавме многу краток временски период, ја одбравме најбрзата варијанта за разгледување на овој град. Напрво се упативме со градски автобус кон тврдината Петроварадин, од каде имавме добар видик над раката Дунав, кон градот Нови Сад и кон планината Фрушка Гора. Овој ден за разлика од другите беше многу потопол, па така можевме да го гледаме и пукањето на мразот на Дунав, а воедно и прекрасните форми кои се создаваа. Од Петроварадин се упативме кон центарот на Нови Сад, каде најпрво следуваше групен ручек, а потоа се запознавме со неговите знаметитости (Католичката цркава, Градската куќа – Магистрат, Споменикот на Светозар Милетич- прв градоначалник на Нови Сад и сл.). Околу 18 часот се упативме назат кон Белград, вечерта заврши со добра забава. Последниот ден го искористивме за добра прошетка низ Белград, се упативме кон Стадионите на Партизан и Црвена Звезда, за наша среќа имавме можност да го посетиме стадионот Маракана. По оваа посета останатиот дел од денот го искористивме за шопинг. Околу 20 часот пристигнавме на железничката станица, имавме време за по едно кафе, и бевме срдечно испратени од нашите домакини.

Во четирите дена кои ги поминавме таму имавме можност да запознаеме многу нови работи, стекнавме нови пријатели и едно големо искуство за нас како студенти. Домаќините навистина се  потрудија и се покажаа во најдобро светло, заминавме презадоволни со желба да се вратиме пак.

 

Напишале: Дарко Стојчески и Глигорије Џилвиџиев

Оваа статија е прочитана 4090 пати!

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger