Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Чудесна Македонија » Сипковски водопади кај Пехчево

Сипковски водопади кај Пехчево

 

 

Густата борова и букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со векови ги криела седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во источна Македонија. Само два од овие водопади всушност и припаѓаат на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Ж’тачка Река и Спиковски Андак.

Водопадите се лоцирани во месноста Валевичка Река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел, и се оддалечени од Пехчево од шест до десет километри. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.

Сите водопади изобилуваат со „швајцарска“ планинска убавина. Најбогат со вода и најголем е еден од двата водопади на Брегалница, а со височина од 14 метри, највисок е водопадот на брегалничката притока Ж’тачка река.

Оваа статија е прочитана 2621 пати!

Автор:

Од категорија: Чудесна Македонија · Tags: , , , , , , ,

Еден одговор на "Сипковски водопади кај Пехчево"

  1. Sadat Redzepi says:

    Чудесна-Прекрасна Македонија!

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger