Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Најскапите градови во светот во 2011 година

Најскапите градови во светот во 2011 година

3.03.2012

Неодамна, од страна на британскиот Economist Intelligence Unit (EIU) е напревено истражување за тоа кои се најскапите поголеми градови за живеење, нa крајот на 2011 година. Истражувањето на EIU се спроведува два пати во годината и се состои во споредување на 400 производи и услуги во 131 град во светот, вклучувајќи цени на храна и пијалоци, облека, транспорт, домување и трошоци за школување и рекреација.

Цирих за првпат во последните две децении се наоѓа на првото место на листата на најскапите градови за живеење, го замени Токио кој сега е втор. Цирих скокна од петото на првото место, а главна причина е јакнењето на швајцарскиот франк. Иста е причината и Женева да се најде на високото трето место. По водечката тројка следуваат: Осака (го дели третето место со Женева), Осло, Париз, Сиднеј, Мелбурн, Сингапур и Франкфурт.

Најскап град во Северна Америка е Ванкувер, кој се наоѓа на 37 место. Наjскап град во САД е Лос Анџелес кој е на 42 место, следува Њуjорк на 47 место. Пет австралиски градови се наоѓаат помеѓу 20 најскапи градови во светот, ги предводат Сиднеј и Мелбурн кои се наоѓаат на седмото, односно на осмото место. Азиските градови постојано ја поправаат својата положба, Сингапур е девети, додека Сеул е на 27 место. Но и три азиски градови се наоѓаат меѓу последните четири на листата.

На последните десет места се наоѓаат: Мускат, Дака, Алжир, Катманду, Панама, Џеда, Њу Делхи, Техеран, Мумбај и Карачи (1).

Интересно е да се напомене дека според наведените истражувања, Скопје е меѓу најевтините поголеми или главни градови за живеење во светот, а дефинитивно најевтин во Европа (2)

Редослед на 10-те најскапи градови за 2011 година

Држава                                    Град                                 Индекс (Њујорк = 100)                   Ранг

 

 

 

 

 

 

 

 

Ранг на 20-тина големи или познати градови во светот за 2011 година, според Economist Intelligence Unit (EIU), при што Њујорк има индекс 100.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор:

(1) http://www.eiu.com/Default.aspx
(2) http://www.liligo.co.uk/travel-blog/travel-tips/2011/07/29/worlds-most-expensive-cities-for-expats-6670/

Подготвил: Ивица Маџевиќ, дипл. географ

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags:

Leave a Reply

*