Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Наставни » Едукативни географски предавања за учениците од основните училишта во Битола

Едукативни географски предавања за учениците од основните училишта во Битола

4.03.2012

Регионалното географско друштво Геосфера од Битола во месец декември 2011 год. реализираше едукативни предавања и работилници од популарни географски теми за надарените ученици од регионот. Предавањата се одржаа во просториите на Гимназијата Јосип Броз-Тито од Битола, на кои присуствуваа и дел од наставниците по географија. Три недели по ред 50 ученици од 10 основни училишта од регионот се дружеа со географијата и ги проширија своите знаења од областа на следниве теми:

  • Вулкани на Земјата – предавач на оваа тема беше Мите Ристов (проф. по географија во Гимназија Јосип Броз-Тито и ОУ Тодор Ангелевски од Битола)
  • Земјотреси и цунами – предавач Даниела Ристова (проф. по географија во ОУ Ѓорѓи Сугарев од Битола)
  • Пештери – предавач Гордана Бошковска (проф. по географија во ОУ Тодор Ангелевски од Битола)

Едукативните предавања беа реализирани со голема интерактивност (презентација на фотографии и видео клипови, анализа на податоци и текст) и активна примена на ИКТ-технологија од страна на учениците (со дадени линкови од веб страници), што само по себе придонесе за голема мотивираност и учество во истите. Сите учесници на предавањата добија соодветен печатен материјал со популарни текстови од посочените теми, а за успешно учество во предавањата и работилниците добија потврди за учество. Сите материјали од едукативните предавања можете да ги видите на веб страната на РГД „Геосфера“-Битола http://rgdgeosfera.tripod.com/

Подготвил: Мите Ристов, дипл. географ

Оваа статија е прочитана 3205 пати!

Автор:

Од категорија: Наставни · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger