Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Природник... » Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Белград, втор дел во Скопје

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Белград, втор дел во Скопје

По првиот дел од размената во Белград, кој се одржа во периодот од 16.02.2012 до 19.02.2012, раководството на ИЗСГ Природник на 22.02.2012 закажа редовен состанок, целта на овој состанок беше да се замисли прелиминарна програма за вториот дел на размената во Скопје. Покрај тоа што беше предложена програма, на состанокот беше договорен нов состанок (28.02.2012), до кој си поставивме цел, предложената програма да стане реалност. Максимално ангажирани остварувањето на замислената програма стануваше реалност. Така брзо ни помина времето за подготвување, дојде денот да се заклучи целосната програма, воедно тоа беше денот кога го одржавме претоа договорениот состанок. На работниот состанок кој се одржа во просторија 230 на ПФМ – Институт за Географија, беа присутни 20 студенти. На состанок најпрво беше презентирана програмата за вториот дел од размената на студенти, а по презентацијата беа поканати сите присутни да се придружат во нејзиното одвивање.

Вториот дел од размената се одржа во периодот од 01.03.2012 до 04.03.2012. Започна со пречекот на гостите на Железничката станица во Скопје, каде околу 08:30 часот пристигнаа студентите од Србија. Денот работно го започнавме во 13 часот од Соборниот Храм – Св. Климент Охридски, најпрво се запознавме со неколку податоци за него, а подоцна го посетивме. Потоа се упативме кон плоштадот Македонија. На плоштадот гостите се запознаа со хероите од Македонската историја, а воедно им беа кажани податоци за реката Вардар, Камени Мост, Скопското Кале, Ристиќевата палата и сл. По разгледувањето на плоштадот се упативме кон Порта Македонија, за наша среќа портата работеше и ја посетивме. По 10 минутната посета, се упатавме кон Спомен куќата на Мајка Тереза, каде од страна на водич, бевме детално запознаени со животот и делата на Мајка Тереза. Како крајна цел на овој ден ни беше посетата на Старата железничка станица – Музејот на град Скопје, исто така од страна на водич бевме запознаени со пронајдените предмети од делечно историско време, особено впечаток на гостите им остави Големата Мајка. Вториот ден од размената (02.03.2012) го започнавме со собир во 10:40 часот на ПМФ, каде најпрво од страна на професори од Институтот за Географија, на гостите од Белград им беше одржано предавање за историскиот развој на институтот, како и за нашата мила Македонија. Предавањето беше изведено на  високо ниво, покрај тоа гостите беа нагостени со кафе, како и по неколку книги, кои ги издава нашиот институт. Околу 13 часот со автобус се упативме кон Средно Водно. По 20 минутното возење, стигнавме на Средно Водно, а од таму со жичницата се упативме на врвот на Водно, Крстовар (1.066 m). На врвот, гостите беа воодушевени од погледот што се шири кон сите страни. Тука најпрво ги запознавме со неколку податоци за Милениумскиот крст, а потоа ги запознавме со нашата метропола, како и околината што го опкружува градот Скопје. По едночасовна посета на Водно се упативме кон своите домови. Вечерта следуваше одлична забава. Третиот ден (03.03.2012) го стартувавме со собир спроти Скопскиот Саем во 8 часот. Овој ден се изведе екскурзија во Охрид, каде освен учесниците на размената од ИЗСГ Природник (Егеа Скопје) и Егеа Белград ни се придружија и останатите членови на ИЗСГ Природник, како и дел од наставниот колектив од Институтот за Географија. Во оваа екскурзија беше посетен стариот дел на градот Охрид. Четвртиот ден (04.03.2012) т.е. последниот ден од размената беше посветен на Скопската Чаршија. Но пред да се упатиме кон чаршијата, го посетивме Музејот на Македонската борба,  после тоа ја посетивме и црквата Св. Спас, каде од страна на водич се запознавме со иконостасот, кој е посебна одлика на оваа црква. Шетајќи низ чаршијата го посетивме уште и Чифте Амам. По ова гостите имаа доволно време за шопинг. Во 20 часот бевме на железничката станица и прекрасно ги испративме.

Оваа размена воглавно заврши во најдобар ред, учесниците беа презадоволни од понудената програма, од срдечниот пречек, како и од убавините на нашата Татковина. Размена на студенти претставува најдобро нешто што може да му се случи на некој студент во животот, таа овозможува да се стекнат нови искуства, како и многу пријателства, а воедно е одлична пракса за идните туристички водичи, затоа во иднина, доколку студираш на Институтот за Географија не се мисли и не пропуштај вакво нешто!

Во оваа прилика ќе изразиме благодарност до сите учесници на размената, како и до сите оние што ни се придружија и сите оние кои ни помогнаа и ни го олеснија нејзиното одвивање. Особено голема благодарност изразуваме до Институтот за Географија, кој ни овозможи автобус за екскурзијата до Охрид, исто така се заблагодаруваме за прекрасното предавање на институтот, од страна на наставниот колектив, потоа до останатиот колектив, кој не дружеше на екскурзијата во Охрид. Покрај Институтот за Географија благодарност изразуваме до Советот на град Скопје-сектор за туризам, кој ни овозможи брошури за градот Скопје, како и до сите туристички водичи кои уште повеќе не запознаа со убавините на нашата земја. Исто така изразуваме благодарност до ИГЕО-Порталот, чие постоење ни овозможува да го споделиме овој извештај. За крај се извинуваме доколку некого сме изоставиле.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ!

 

Напишал: Дарко Стојчески

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: , ,

Leave a Reply

*