Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот » „Окото на Сахара“

„Окото на Сахара“

Структурата Ришад (Richat), поради својата уникатна форма уште се нарекува и „Окото на Сахара“. Оваа форма се наоѓа во Мавританија во близина на градот Уадан, на надморска височина помеѓу 400 и 450 метри. Претставува концентрични кругови со дијаметар од околу 50 км. Концетричните кругови се составени од варовник и палеозојски кварцити. Разликата во висината помеѓу прстените е околу 40 метри. Во центарот се наоѓа огромен конгломерат со дијаметар од околу 1.5 км.

Структурата Ришат за прв пат е откриена во 1963 година на карти од Францускиот географски институт. При првите вселенски летови (една од првите мисии на Близнаци во 1965) го привлекла вниманието поради карактеристичната форма на џиновски амонит.

Првите претпоставки за оваа структура биле дека е настаната од удар на метеор. Францускиот геолог Теодор Моно направил детални истражувања и во 1973 година, нуди друго објаснување за појавата на оваа структура, што во голема мера се поклопува со денешните резултати.

Во 2002 канадски научни експедиции покажуваат дека недостасува претопена карпа во Ришад. Така хипотезата за удар на метеор била конечно отфрлена. Врз основа на пронајдените материјали канадските научници даваат објаснување дека пред околу 100 милиони години, при издигнување на магмата го издигнал и варовникот и кварцитот над неа, водената пареа ги исполнила пукнатините на варовникот и постепено дошло до раскршување на варовникот. Сводовите во еден момент неможеле да го издржат оптоварувањето и дошло до сурнување. Во центарот се формирал огромен конгломерат. Самите кругови се формирале дополнителни и бавно во текот на  десетици милиони години ерозија, а варовникот подлабоко бил еродиран поради неговото својство на поголема растворливост за разлика од кварцитот.

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0_%D0%A0%D0%B8%D1%88%D0%B0%D1%82

 

 

Објавено од:

Од категорија: По Светот · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*