Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Наставни » СТУДИРАЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА!

СТУДИРАЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА!

Почитувани, 

Институтот за географија е најстара високошколска установа во Република Македонија од областа на географијата. Високостручниот потенцијал, богатото искуство од над 90 години, одличната просторна и техничка опременост, овозможуваат студирање по најсовремени светски стандарди. Освен додипломски студии, на Институтот се организираат магистерски и докторски студии, со што целосно е заокружен наставниот процес до највисоко ниво.

Во моментот на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје егзистираат четири акредитирани студиски програми од прв циклус и тоа:

НАСТАВНА ГЕОГРАФИЈА. Студиска програма во која ја запознавате географијата во целост, станувате дипломиран географ спремен своите знаења да ги пренесе на идните генерации. Се запознавате со содржини кои ви ги отвораат видиците и погледите кон светот.

ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ. Студиска програма во која се третираат најсовремените географско информатички техники и технологии во светот. Програма во која низ компјутерската техника се пласираат бесконечни картографски и географски содржини од кои се генерираат бесконечни аналитички резултати. Новите развојни текови вакви стручњаци очекуваат.

ДЕМОГРАФИЈА. Студиска програма посветена на формирање кадри кои поопстојно ќе ги проучуваат демографските карактеристики на населението и населбите. Неминовност од национален карактер којшто Македонија дефинитивно ја има како придобивка. Статистичките институции имаат потреба од Вас.

ТУРИЗАМ. Студиска програма која најеминентно ви ги отвара видиците на туристичките потенцијали и движења во светот и кај нас. Програма низ која се профилираат кадри со широк дијапазон на знаења и практична примена на работа низ разните туристички и угостителско-туристички организации. Ориентирај ја својата иднина, студирај туризам.

Со стекнувањето на диплома од наведените студиски програми портите за вработување ви се отворени во образовниот систем, во администрацијата, во статистичките институции, во проектантските организации, во туристичките организации и во останати стопаански и нестопански дејности.

Со заокружување на првиот циклус отворена ви е можноста за надградување на вашето образование на втор и трет циклус студии.

ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА ВЕ ОЧЕКУВА!!!

Оваа статија е прочитана 4046 пати!

Објавено од:

Од категорија: Наставни · Tags: ,

Еден одговор на "СТУДИРАЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА!"

  1. Anastasija says:

    А зашто нема физичка географија тука ? Дали може да се запишува и на физичка зашто во конкурсот има и страницата на институтов ја има програмата :?:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger