Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Природник... » Размена на студенти: Егеа Скопје/Егеа Нови Сад, дел во Нови Сад

Размена на студенти: Егеа Скопје/Егеа Нови Сад, дел во Нови Сад

10.03.2011. Од архивата…По четврти пат, ИЗСГ ПРИРОДНИК-ЕГЕА СКОПЈЕ, зема учество во меѓународна активност, се работи за студентска размета т.е. за втор  дел од студентска размена помеѓу ЕГЕА СКОПЈЕ И ЕГЕА НОВИ САД. Овој пат размената се одвиваше во Нови Сад, а  на истата заземаа учество 4 студенти географи  од Македонија (сите членови на Изсг Природник – Егеа Скопје). Вториот дел од оваа размена се одвиваше во периодот од 28.02.2011 до 05.03.2011 година.

При посетата на Нови Сад студентите се запознаа со многуте знаменитости на овој град како што се:Католичката цркава, Градската куќа – Магистрат, Споменикот на Светозар Милетич- прв градоначалник на Нови Сад, Гранд хотел Мајер, Двокатната аголната куќа со железниот човек, Новосадската синагога, Српскиот народен театар- Нови Сад, Владичнио двор палата, споменикот на Јован Јовановиќ Змај- писател, , Црква во чест на Св. Горѓи, Матица српска – библотека, Грчка школа, Дунавски парк, Петроварадинската тврдина и сл. Исто така имавме и неколку екскурзии надвор од Нови Сад, а тие беа посета на Сремски Карловци, Белград и Суботица.

Во седумте дена кои ги поминавме таму имавме можност да запознаеме многу нови работи, стекнавме нови пријатели и едно големо искуство за нас како студенти. Домаќините навистина се потрудија за се да биде во најдобро светло.

Напишале: Г. Џилвиџиев; Д. Стојчески

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: ,

Еден одговор на "Размена на студенти: Егеа Скопје/Егеа Нови Сад, дел во Нови Сад"

  1. Tose says:

    Ova bese odlicna razmena, koja treba da se povtori uste ednas :)

Leave a Reply

*