Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Природник... » ЕГЕА – Конгреси на студентите географи

ЕГЕА – Конгреси на студентите географи

Во рамки на ЕГЕА (Европска географска асоцијација на студенти) постојат 5 официјални конгреси, кои се одржуваат секоја година. Четири од нив се од регионален карактер, а еден е во рамки на цела Европа. (годишен). Асоцијацијата ЕГЕА за да може полесно да функционира и се развива е подела на 4 региони (Западен регион, Евромедитерански, Источен и Северен-Балтички регион), во секој од овие региони  годишно се одржува по еден конгрес (WRC – Западен Р.К, EMRC – Евромедитерански Р.К, ERC – Источен Р.К и Северобалтички Регионален Конгрес). Регионалните конгреси секогаш се одржуваат во пролетните месеци т.е. во периодот од 20 март па до 10 мај, а меѓусебно се временски развлечени, од едноставна причина да им се овозможи на сите географи без разлика на кој регион припаѓаат, слободно присуствуваат на повеќе конгреси. Овие настани се така одлично замислени да во нив е направен перфектен спој на науката и забавата. Секој  регионален конгрес има своја програма, која во принцип е слична на сите конгреси од ваков карактер, а се состои од: работилници, предавања, дебати, забавни игри, екскурзии, забави и сл. Работилниците се едни од најзначајните нешта на конгресот, на нив се вршат мини истражување или пак  се водат дебати за одредени географски прашања. Секој конгрес има повеќе работилници, со засебна тематика. Со работилница управуваат еден до два координатори, а право на координатор има секој заинтересиран студент или дипломиран географ (геоморфолог, туризмолог, геолог, демограф и сл).  Една работилница е составена од 10 студенти, од повеќе ентитети и држави. Во текот на конгресот, работилниците се одржуваат еднаш до два пати дневно и траат минимум до 1 час. Покрај работилниците, во рамки на регионалните конгреси се одржуваат повеќе предавања како и дебати предводени од професори. Исто така во рамки на конгресите се одржуваат забавни игри, натпревари во мал фудбал, гео-квиз и сл. Секој регионален конгрес, има предвидено и ден за екскурзии, во кој се посетуваат повеќе знаметитости на земјата домакин. Покрај научниот дел во конгресот се одржуваат и повеќе забави. Тие се најразлични и се замислени со презентации на храна, пијалок, музика и сл. Една од забавите се одвојува за земјата домакин, таа ноќ се врши презентација на културата, храната и пијалоци од земјата домакин. Друга забава е посветена на сите останати претставници, односно се врши презентација на храна, пијалоци и музика од сите гости. Последната забава од конгресот секогаш завршува со маскенбал, како и со BDC натпреварот.  Последниот ден конгресот се затвара, а по неговото затворање следи CP – day (ден за контакт личности), на овој ден се согледуваат проблемите и успесите на ентитетите во матичниот регион. На овој ден се разменуваат искуства помеѓу ентитетите, се даваат совети како полесно да функционира едно ЕГЕА –  друштво (ентитет).  Во последните години, се воведе и пред конгрес настан. Овој настан го организира ентитетот организатор на конгресот или пак некој друг ентитет од земјата домакин. На овој пред конгрес настан има повеќе екскурзии, со кои гостите подобро се запознаваат со земјата.

За разлика од регионалните годишниот конгрес се одржува во месец септември и има стандарден термин, се одржува од 10 до 15 септември. Годишниот конгрес е далеку помасовен од регионалните конгреси, се одвива со слична програма како и регионалните (работилници, предавања, екскурзии, забави и сл.), а од нив се разликува по тоа што има повеќе административно значење, на него се донесува годишна стратегија како да функционира ЕГЕА, се избира нов управен одбор на асоцијацијата и останати прашања поврзани со проблемите кои се јавуваат во ЕГЕА.

Напишал: Дарко Стојчески

 

Оваа статија е прочитана 4010 пати!

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger