Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот » Урагани во Медитеранот

Урагани во Медитеранот

Многу ретко кога се проучуваат климатските елементи се среќава во некоја реченица, тропски циклони (урагани) во Медитеранот. Иако во медитеранот не се јавуваат типични трпоски циклони, сепак се јавуваат некои помали циклонски системи кои ги имаат сличните карактеристики на тропските.

Разлика помеѓу тропските и вонтропските циклони:

Создавање на тропски циклон

Создавање на тропски циклон

Вонтропските циклони се јавуваат во умерените широчини, а настануваат со придвижување на два фронта од топли и ладни воздушни маси. Ладните воздушни маси се движат кон топлите, навлегуваат како клин во нив и создаваат ладен фронт, додека топлите воздушни маси минуваат над ладните и создаваат топол фронт. Овој состав ротира, а се храни како резултат на енергијата од интеракцијата на топлиот и ладниот воздух. Воздушниот притисок се намалува од периферијата кон центарот, а со тоа се појавуваат облаци, врнежи и силни ветрови. Овие циклони зафаќаат дијаметар поголем од 800 км.

Од друга страна тропските циклони се јавуваат во тропските предели над загреаните мориња и океани. Некои од основните услови потребни за развој на тропските циклони се температурата, високата влажност и нестабилните воздушни маси. Овие циклони се создаваат над водените маси. Ветровите се движат со просечна брзина од 120 км/ч. Дијаметарот кај овие циклони се движи од 200-800 км. Оваа е и една разлика помеѓу тропските и вонтропските циклони.

Селено 1995 година

Поради недостатокот на високите температури во медитеранот и недостатокот на висока релативна влажност на воздухот ( суви струи од северниот дел на Африка), како и поради релативно малата површина од морето кое е опкружено со копно, тропските циклони во Средоземието се многу ретки и слаби. Сепак понекогаш се појавуваат хибриди на тропските и вонтропските циклони кои најчесто се нарекуваат како медитерански урагани. Овие урагани се јавуваат обично 2-3 годишно. Еден од најпознатите медитерански урагани е Селено кој се јавил помеѓу Грција и Сицилија во 1995 година. Истражувачкиот брод кој бил во негова близина измерил ветар со брзина од 136 км/ч и воздушен притисок од 975 hPa.

Тропска бура 01М 7 ноември 2011

Покрај овој постојат уште неколку познати случаеви во септември 1969, јануари 1982, септември 1983, октомври 2006 и ноемви 2011 година. Медитеранскиот ураган кој се случил на 7 ноември 2011 година во западниот дел на Медитеранот прогласен е за прва тропска бура, откако постојат метеоролошките мерења, а е означен како 01М. Оваа тропска бура развила ветрови поголеми од 150 км/ч, а предизвикала огромна штета на францускиот брег.

http://cudaprirode.com/portal/tz/3599-sredozemni-uragani

Подготвил: Глигорије Џилвиџиев

Објавено од:

Од категорија: По Светот · Tags: , , ,

Leave a Reply

*