Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема » Тридневна ученичка ескурзија низ централниот и западниот дел на Македонија

Тридневна ученичка ескурзија низ централниот и западниот дел на Македонија

4.05.2012

На 25, 26 и 27 април, според годишната програма на основното училиште ,,Војдан Чернодрински”-Скопје, со учениците од осмите одделенија беше изведена тридневна теренска ескурзија до Прилеп, Крушево, Битола и Охрид. Првиот ден учениците тргнаа од Скопје кон Прилеп да ја посетат средновековната тврдина Маркови Кули. По пристигнувањето во Прилеп се упативме во северозападниот дел на градот Прилеп или поточно кон населбата Варош. Учениците беа восхитени од глетката што ја видоа. Од една страна Маркови кули (945 м), а во подножјето голема камена фигура која мештаните ја викаат „Слон“, висока над 8 м и широка 5 м – вистинска природна реткост. Оваа природна убавина, разеленета трева и жолтите цветови, многубројните денудациони форми на релјефот во вид на столбови, топки, печурки и вдлабнатини во метаморфни карпи (гнајсеви), ги оставија децата без здив. Учениците знаеја дека тврдината Маркови Кули е една од навистина тешките за „освојување“, па тоа им беше предизвик да се обидат да ја искачат. Така, од вкупно 56 ученика, на тврдината се искачија 37 ученика. Тие што се искачија беа среќни и радосни, па паднаа и првите фотографии. По овој „освојувачки поход“ на Маркови Кули тргнавме кон највисокиот град на Република Македонија, Крушево, каде беше посетен музејот на легендарниот Тоше Проески. По краткиот престој во Крушево, продолживме кон градот на Конзулите Битола. Беше посетен музејот на Кемал Ататурк, а потоа се изведе разгледување на градот по познатиот Широк Сокак. По оваа посета се упативме во Охрид. Следниот ден (26.04.2012), учениците се шетаа покрај Охридското Езеро и низ градот Охрид. Беа посетени Плаошник, Самоиловата тврдина и Гутенберговата печатница за рачна изработка на хартија. На учениците им беше организирана забава во дискотеката во градот. Третиот ден (27.04.2012) се упативме во Градиште за да ја посетиме праисториската населба -Заливот на Коските. По навистина прекрасните впечатоци од оваа реплика на праисториска населба, се упативме кон Скопје.

Оваа беше прекрасно доживување и дружење со учениците од осмите оделенија (полуматуранти), но и прекрасно другарување помеѓу нив самите, со песна, забава и споделување на впечатоците од бројните географски доживувања на ова тридневно патување.

Автор: Љупка Миленковиќ-Живковиќ, дипломиран професор по географија

Објавено од:

Од категорија: На тема

Leave a Reply

*