Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Природник... » Евромедитерански регионален конгрес (EMRC 2012)

Евромедитерански регионален конгрес (EMRC 2012)

Во периодот од 2 до 6 мај во Западна Србија – национален парк Тара се одржа 14 – тиот по ред Евромедитерански регионален конгрес (EMRC), по 4 – ти пат во организација на ЕГЕА Белград. На конгресот учествуваа повеќе од 120 студенти од 20 – тина европски држави, а свои претставници имаа 44 ентитети или 2/3 од постојаните ентитети во ЕГЕА. Меѓу нив, секако претставена беше и ЕГЕА  Скопје (ИЗСГ Природник), инаку ова e 6 – ти  пат како ЕГЕА Скопје има свои претставници на конгресите, односно 5 – ти пат како е претставена на EMRC (EMRC 2005 Кладово – Србија; EMRC 2006 Похорје – Словенија; EMRC 2009 Гоч – Србија; EMRC 2011 Крањска Гора – Словенија; EMRC 2012 Тара – Србија). Главна тема на конгресот беше ,,Water management the benefit for future generation“ (Управување со водите корист за идните генерации), проблем  кој беше поделен на 8 работилници (Burning issue – reserves of drinking water; Water – based tourism; Water resources menagement with GIS; The use of geothermal energy; Water and agriculture; Hydro – power plants: environmental or economic interest; Water peneplain; Water management in developing countries).  Исто така се одржаа и две предавања, беше презентиран документарен филм со наслов ,,How is it possible sell sky and wormth of the earth?“, како и одржано предавање од страна на асистентот Марко Јоксимовиќ (Географски факултет Белград), на кое ни беше претставена презентација под наслов ,,River networks and riverscapes – reflection of individual and society in Serbia“. Покрај научниот дел, се изведоа повеќе забавни игри и екскурзии: 1. Дрвенград и Шарган; 2. Бањина Башта и Ужице; 3. Планинарска тура по н.п. Тара; 4. Кањон на реката Увац и пештерата Усацка. Во рамки на првите два дена од конгресот се одржаа неколку регионални состаноци. На овие состаноци секој ентитет ги изнесуваше своите успеси и проблеми, исто така се дебатираше околу други  прашања, како и за  управувањето со асоцијацијата ЕГЕА. Покрај солидниот научен дел, домакините ни приредија забава од соништата. Особено за паметење ќе остане Српската вечер, во која беше претставена една српска слава. Иако доста млади, организаторите направија сјајен спој на науката и забавата. Овој конгрес ќе остане запамтен по рекордниот број на учесници, новостите кои беа воведени на регионалните состаноци, секако најмногу по неверојатната забава.

Напишал: Дарко Стојчески

Оваа статија е прочитана 3874 пати!

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger