Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Чудесна Македонија » За Куманите и Кумановците…

За Куманите и Кумановците…

14.05.2012

Дали сте се запрашале некогаш зошто Кумановците се такви какви што се? Зошто се разликуваат од останатите во нашето опкружување? Зошто

Скулптури и траги од куманската култура во јужна Украина

зборуваат поинаку и размислуваат поинаку? Знаете ли нешто повеќе за Кумани? Дали сте знаеле дека тоа митско племе успеало низ вековите да се одржи, иако оваа земја ја газеле словените, крстоносците, отоманите и многу други окупатори. Кога зборуваме за нашите корени на кои сме толку поносни, многу малку обрнуваме внимание на народот по кој што нашиот град, а заедно и ние со него сме го добиле своето име. Информациите за Кумани се многу ретки и не секогаш поткрепени со факти, но она што со сигурност се знае е дека Кумани биле номадски народ од турско потекло, чија империја се протегала од Бајкалското Езеро до реката Дунав. Самиот збор Куман значи син или светол како што тврдат одредени автори, а во Украина, Куманите биле познати и под името Полавци, односно Плавци. Сродни народи на Куманите низ евроазиските степи биле Печенези, Башкири, Огузи и Кимаци, но Кумани се двоеле од останатите племиња по својата висина и по својот светол тен. Неколку века Куманите живеат по текот на реката Волга, во областа позната како Куманија. Оваа област била толку позната што многу унгарски владетели (Арпади) и француски кралеви (Анжуи) ја носеле титулата Rex Cumaniae, а романските епископи и ден денеска тврдат дека таа титула им припаѓа на нив. Куманите имале свој јазик, кумански, за кој сведочи Codex Cumanicus, прирачник за католички мисионери кои биле испраќани да ги христијанизираат. Сочуван примерок од овој документ сеуште се наоѓа во библиотекета на Св. Марко во Венеција. Три главни карактеристики на Куманите како народ биле воинственоста, наклонетост кон „политиканството“ и отсуство на државност. Секогаш биле спремни за битка, затоа

Грбот на Куманите

што главен инструмент на нивната политика била многубројната војска. Нападнати од диви монголски племиња, Кумани во 1237 година наоѓаат засолниште во Унгарија, со што бргу се привикнуваат на балканскиот начин на живот. Познати како воинствени и неплашливи, веднаш се вовлекуваат во лавиринтите на балканските политички сплетки, кои се постојале уште пред 10 века. Често војувале на страна на Унгарците, Бугарите, Власите против Византиското Царство, со што пополека стануваат асимилирани од локалното население и мешани со нив. Претходно пагани, подоцна Куманите стануваат христијанизирани, а само еден мал дел од нив преминуваат во Мала Азија и го прифаќаат исламот. Цели групи на Кумани се откажувале од номадскиот начин на живот и започнале со формирање на првите населби на Балканскиот Полуостров. Така започнале да настануваат првите енклави со кумановско население. Куманово не е единствениот таков град кој што го формирале Куманите. Постојат Кумане во Србија, Команешти и Комана во Романија, Куманите во Бугарија, Куман во Албанија како и Куманичево во денешна Грција. Ова е една одлична идеја за нашите градски татковци со кои се места да станеме збратимени.

Текстот е преземен од: http://www.facebook.com/kumanovskirecnik

Подготвил: Бојан Давидовски, дипл. географ

Објавено од:

Од категорија: Чудесна Македонија

3 одговори на "За Куманите и Кумановците…"

  1. Почитувани,

    Би сакале да ви предочиме дека текстов е чист плагијат превземен од Белешките на Кумановски речник. Ова е туѓо авторско дело (Тајмлајнот на ФБ не лаже!) и заради тоа бараме да го отстраните името на Бојан Давидовски како негов идеен творец. Текстот беше иницијално напишан на Кумановски и единствениот придонес на дипломираниот географ (се прашуваме од каде и како ли ја напишал дипломската работа, судејќи по овој чин) е тоа што го превел на македонски јазик.

    Уште еднаш, Ве молиме да го отстраните името на Бојан Давидовски како автор на текстот!

    Срдечен поздрав,

    Тимот на Кумановски речник

  2. Горан Китевски says:

    Куманите и „куманизирањето“ само и дава поткрепа на една строга надворешна теза дека денешните Македонци немаат никаква врска со Македонците кои ги населувале просторите на Македонија пред две илјади години.

    При расветлувањето на етногенезата на Македонците, дефинитивно ние како Македонци ќе треба да се откажеме од многу историски „благодети“ и случувања. Бидејќи, повеќе од јасно е дека некои работи создаваат невидена контрадикторност, и иако историјата е навикната да трпи контрадикторности и шпекулации, сепак науката треба да има само една девиза а тоа е Вистината.

    Како и да е, добра статија и добри информации за Куманите (par excellence Анархисти (анти – државност), кои дефинираат уште еден “ориентален“ супстрат на македонската генеза.

  3. Бугарите протнале текст демек да сме се братимеле со некакво туркско племе од Азија. :))) Каква примитивна и сосема провидна пропаганда е ова да се чуди човек. Ние Македонците сме потомци на античките Македонци (генетски докажано – a гените не лажат), додека народот во соседна Бугарија не се потомци на турко-татарските Бугари. Ете тоа име проблемот со кој не можат да се справат: Носат име на турко-татарски народ, а не се не се потомци на тој народ.

    Прочитајте ја книгата “Кумани и Татари”:

    https://books.google.com/books/about/Cumans_and_Tatars.html?id=7DJWyg97IggC

Leave a Reply

*