Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

Уште една интересна теренска настава со студентите од насоката Туризам на Институтот за географија

18.05.2012

Во рамките на своите планирани активности за теренски настави, Институтот за географија, за студентите од I и II година од насоката за туризам, организираше теренска настава на релацијата: Скопје-Метеори-Солун-Серес-Дојран-Скопје. Притоа, како главна цел на ова теренска настава беа следните туристички локалитети: “Метеори”, комплекс на манастири и цркви кои потекнуваат од крајот на XIV век и кои се наоѓаат во непосредна близина на гратчето Каламбаки, потоа манастирската пештера и црква “Света Параскева”, во долината на реката Пиниос, градот Солун како еден од најголемите урбани туристички центри на Балканот и пошироко, со црквата Св.Димитрија (патронот на градот), големата Римска Акропола, старите градски sидини, универзитетскиот комплекс “Аристотелис”, плоштадот “Вардарија” и др. Теренската настава продолжи во Егејскиот дел на Македонија, при што престојувавме во едно од најтрговските гратчиња Серес. Попатно се посетија природните езера Бешик и Лагадин, туристичкиот локалитет Аспровалта, а панорамски се разгледаа и локалитетите Ставрос, Врасна и Нова Врасна, како едни од најатрактивните вакви центри за развој на летниот-стационарен туризам. Теренската настава ги опфати уште и остатоците од античкиот град Амфиполи, во долината на реката Струма, вливот на реката Струма во Орфанскиот залив, аграрниот пејсаж на плодната Сереска котлина со реката Агитис и др.

На крајот од теренската настава се посети и Дојран, односно Дојранското езеро, како едно од трите најатрактивни езера во Македонија за развој на летниот-стационарен туризам но и за одвивање на многу други туристички активности, како што е спортскиот риболов и др. Притоа беше разгледан и локалитетот кадешто Дојранското езеро се снабдува со вода од Ѓавачкото Поле а беше одржано и кусо предавање за проектот “Спас на Дојранското езеро-Ѓавачко поле”.

Оваа теренска настава (како и бројни други кои ги организира Институтот за географија) беше со цел за непосредно и директно теренско запознавање на студентите со проблематиката што ја изучуваат, за да можат што полесно своите знаења практично да ги употребат низ идниот професионален ангажман. Всушност, поврзувањето на теоретските знаења со практичните аспекти како неопходност е една од главните заложби и предности на Институтот за географија.

Теренската настава се одржа во деновите 14, 15 и 16.05.2012 година а, покрај студентите, на истата присуствуваа уште и следните наставници и соработници: д-р Михаило Зиков, д-р Никола Панов, д-р Благоја Маркоски, д-р Ристе Мијалов, д-р Милена Талеска, д-р Дејан Илиев, м-р Иван Радевски и Лукаревска Јованка. Според сите свои елементи, теренската настава беше целосно успешна, за што потврда беше големото задоволство како од студентите, така и од наставниот кадар.

Подготвил: проф. д-р Никола Панов

Оваа статија е прочитана 2904 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger