Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена, Географски вести » Првото приватно вселенско летало „SpaceX“ на пат до Меѓународната вселенска станица!

Првото приватно вселенско летало „SpaceX“ на пат до Меѓународната вселенска станица!

23.05.2012

Првиот приватен произведувач на ракети „SpaceX“ го лансираше вселенско летало Драгон со залихи за Меѓународната вселенска станица, оддалечена 390 км од Земјата. Ова е прв пат приватна компанија да пружа ваков вид на услуга, пишува Би-би-си, бидејќи ваквите мисии обично ги вршат капсулите кои им припаѓаат на владините астрономски агенции, како НАСА и ЕСА. Ракетата „Фалкон 9“, со капсула без екипаж, долга 54 метри, била лансирана од Кејп Канаверал на Флорида, во 8.44 по средноевропско време. Леталото би требало да стигне до вселенската станица во четврток, кога, на оддалеченост од 2,5 километри од станицата, ќе ги демонстрира можностите на својот наведувачки систем, контролата и комуникациите. Доколку демонстрацијата помине успешно, на леталото ќе му биде дозволено во петок да ѝ се приближи на станицата на 10 метри. Астронаутите на платформата потоа со роботизирана рака ќе ја привлечат и ќе ја прикачат капсулата. Оваа мисија има големо значење бидејќи ја означува големата промена во начинот на кој САД сакаат да ги спроведуваат операциите во вселената. НАСА се обидува во рутинските операции на летови со човечки екипаж во ниската орбита на Земјата да ја вклучи и комерцијалната индустрија на сличен начин како што некои организации најмуваат специјализиран персонал – аутсорсинг. Транспортот на товарот ќе биде првата услуга која ќе ја пружи надворешна компанија, а веќе до 2015 година би требало да следи и превоз на астронаути до станицата и назад. Американската вселенска агенција се надева дека овие промени ќе ѝ заштедат пари, кои ќе може да ги пренасочи на мисиите за истражување на астероиди или на планетата Марс. Инаку, до сега НАСА за секој астронаут пренесен до Меѓународната вселенска станица на Русија и плаќаше фантастични 63 милиони долари. Во меѓувреме, се поактуелни стануваат новите летала на приватни компании како Спејс Икс или Вирџин Галактик кои за драстично пониски цени ќе превезуваат товар, астронаути, па дури и туристи до орбитата на Земјата. За неколку години се очекува вистинска револуција во патувањето до орбитата, а подоцна и до подалечните делови на Вселената.

Извори: http://www.standard.net/stories/2012/05/22/nasa-hails-spacex-launch-new-era-spaceflight,
http://www.mkd.mk/33251/svet/lansirana-prvata-privatna-raketa/

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 2252 пати!

Автор:

Од категорија: Вселена, Географски вести · Tags:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger