Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Во четвртокот во 01 часот и 09 минути официјално почнува летото!

Во четвртокот во 01 часот и 09 минути официјално почнува летото!

19.06.2012

Во четвртокот, на 21 јуни, во 01 часот и 9 минути, на северната полутопка и во Република Македонија почнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка во четвртокот ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден. Така, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денот ќе трае цели 15 часа и 14 минути, а ноќта само 8 часа и 46 минути. Веќе од петокот (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2012 година. Поради закривеноста на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни одејќи од екваторот кон половите, а различни се дури и во нашата држава.

Географска ширина:  0°

10°

20°

30°

40°

50°

60°

66°33’

Најдолг ден 12 часа

12ч35’

13ч13’

13ч56’

14ч51’

16ч09’

18ч30’

24ч

Најкраток ден 12 часа

11ч25’

10ч47’

10ч04’

9ч09’

7ч51’

5ч30’

Така, во најјужните делови на Македонија (во правец на Битола), денот ќе трае 15 часа и 5 минути, а во најсеверните делови (над Крива Паланка) ќе трае 15 часа и 17 минути. На екваторот, денот и ноќта ќе траат подеднакво по 12 часа. На северниот пол, пак, денот веќе трае непрекинато 6 месеци, а на јужниот пол со слично траење од 6 месеци е ноќта. Летото ќе заврши на 22 септември во 15 часот и 49 минути (по средноевропоско време кое е официјално и во Македонија), кога на северната полутопка ќе почне есента. Веќе за првиот ден на летото се најавуваат високи температури до 39 степени целзиусови, а прогнозите се дека оваа лето ќе биде доста топло, особено месеците јули и август. Затоа планирајте каде и како ќе се разладувате, но воедно внимавајте на претераната изложеност на високите температури и УВ зрачење! (За повеќе информации за годишните времиња видете ги статиите на ИГЕО порталот).

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3186 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger