Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, По Светот » Некои од најубавите плажи во Европа

Некои од најубавите плажи во Европа

21.06.2012

Летото започна, а температурите се навистина високи. Веројатно многумина веќе решиле каде ќе го поминат својот одмор. Но за оние кои сеуште се во размислување, претставуваме неколку од можеби најубавите плажи и летни дестинации во Европа.

Тропеа, Калабрија

Тропеа е вистински бисер на Тиренското море и една од најпознатите плажи во истоимениот град, сместен во областа Калабрија на југот на Италија. Плажата ја карактеризира километар бел ситен песок поради што е и наречена “плажа на боговите“. Главо обележје на градот е црквата во карпа „ Santa Maria dell’Isola“.

Бенирас, Ибица

За плажата Бенирас велат дека е добро чувана тајна на локалото население, што значи дека во потполост е поштедена од изградбата на големи хотели, ресторани, дискотеки и места за забава. Со самото тоа е на листата на идеални плажи за одмор. Плажата се наоѓа во северниот дела на Ибица и долга е 160 метри, а широка 40 метри. Ваква можност не треба да пропуштите. Сеќавањето на залезот на сонцето е најубавиот сувенир кој ќе го понесете од плажата Бенирас.

Чирали, Турција

Далеку од толпата на туристи кои се одмараат на плажите каде што нема место ни пешкир да се стави, се наоѓа плажата Чирали – рајот на Турција. Без хотели, големи згради и летни гужви, Чирали е идеалното место за уживање на сонцето . Плажата се смета за одлична и во зима бидејќи во таа обалст преовладува блага клима.  Долга е три километри, а најинтересно е набљудувањето како опставуват и се размножуваат морските желки кои живеат на оваа плажа. Во близина на плажата се наоѓаат неколку објекти за сместување, а најпопуларни се куќичките на дрво. Чирали се наоѓа на 70 километри јужно од Анталија и околу 30 километри од одмаралиштето Кемер.

Кија, Сардинија

Неколку плажи кои се наоѓаат покрај малото село Кија, на самиот југ на Сардинија нудат вистински рај за сурферите. Околу девет километри долгите песочни плажи и тиркизното кристално чисто море помалку потсетуваат на Карибите. На плажата се наоѓа ресторанот „Dune Di Kampana“ каде можете да пробате разновидна медитеранска храна.

 

Сент Максим, Азурен Брег

Се селиме во монденскиот центар на Медитеранот, на Азурниот Брег. Додека сите одат со Сен Тропе за да бидат видени, за оние кои сакаат да бидат во близина на гламурот и сјајот предлагаме да ја посетат плажата Сент Максим која е сместена во заливот Сен Тропе и се наоѓа на 5 км од него. Долж Сент Максим се наоѓат десеткилометарки песочни плажи. Најубавите плажи се наоѓаат на западниот дел на брегот.

Плажите во Грција

Иако Грција е една од најпопуларните дестинации на нашите туристи, сеуште има места кои се неоткриени или недоволно познати. Иако има огромен број на плажи, сепак некои од нив можат да се издвојат како поубави, подобри и поголеми. Некои се познати по спортски активности, некои по културни и историски обележја, по лудите забави, а некои едноставно како одлично место за одмор. Така на пример, најубави забави до раните утрински часови има на плажата Манганари на Иос, како и на Рајската плажа на Миконос. Плажата Ред Бич (Red Beach) на Санторини е одлична за нуркање, а во заливот Св. Ѓорѓи на Крф (Agios Georgios) се наоѓа една сосема изолирана, но убава плажа. Плажата Миртос е вгнездена помеѓу карпестите ртови на Кефалонија и пред неколку години беше прогласена за најубава плажа во Грција поради фантастично чистата вода и ситниот бел песок. Плажата Егремни на Лефкада е една од најдобро чуваните тајни на Грција. Предели како од бајки, кристално чисто, тиркизно море и мекиот бел песок ја чинат една од најдобрите за капење, сончање и одмарање. Се наоѓа на западната страна на Лефкада, меѓутоа бидејќи до неа се доаѓа по стрмни скали, туристите обично ја заобиколуваат. Овде вреди да се спомене и фантастичната плажа на осторовот Закинтос, како и повеќе други убави плажи на островите.

Сан Вито Ло Капо, Сицилија

На југозападната обала на Сицилија се наоѓа малиот рибарски град Сан Вито Ло Капо. Ниски бели куќички, долги плажи со златен песок, дрва со бадеми и маслинки го карактеризират ова место. Шеталиштето се наоѓа на неколку метри од плажата, долго е еден километар и завршува на местото на кое се наоѓа светилник.

Сесимбра, Португалија

Ова гратче се наоѓа на околу еден час возење од Лисабон. Не е многу развиено и со самото тоа не е многу посетувано, а од друга страна богат е со песочни плажи од кои се протега поглед на островот и чистото сино море. Освен по прекрасните плажи, Сесимбра е познато и по рибните специјалитети , а дали тоа навистина е точно можете да се уверите долку посетите некој од рестораните кои се наоѓаат на самиот брег.

Олудениз, Турција

Олудениз е залив на југозападниот брег на Турција и познат е под името „Тиркизен брег“. Плажата Сина Лагуна има мирна, кристална чиста вода, одлична за разни водни спортови. Кидрак или Рајска плажа, како што многумина ја нарекуват, се наоѓа на 2 км од Олудениз. Доколку барате изолирана плажа, на која не може да стигнете по копно, тогаш вистинскиот избор е „Плажата на пеперутките“. Инаку, Олудениз се наоѓа на 15 километри од познатото летувалиште Фетије.

Пинарело, Корзика

Плажата Пинарело е за сите оние кои сакаат сонце, море и песок. Главна карактеристика на плажите на Корзика е белиот песок, па така и Пинарело не е исклучок. Долж плажата се сместени барови и ресторани кои нудат храна со морски плодови,а додека јадете погледот ќе ви биде насочен кон тирнизното море кое се простира пред вас.

Сината Лагуна на Малта

Плажата Сина Лагуна (Blue Lagoon) на Малта е една од најубавите на Медитеранот, со бел песок и кристално сина вода. Всушност, станува збор за неколку помали плажи покрај самата лагуна. Истите се наоѓаат на северната страна на островот Комино, трет по големина во државата Малта, а до нив се доаѓа со туристичко бродче од Валета или Слиема (обично се нуди неколкучасовно капење). Самата лагуна е посебно интересна, со стотици метри плитка (до 1,5-1,8 метри) и многу чиста вода, заради што привлекува бројни туристи.

Извор: http://forum.burek.com/najlepse-plaze-evrope-t371926.html

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 4161 пати!

Автор:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger