Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Наставни » ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ – ВИЗА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ!

ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ – ВИЗА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ!

7.08.2012

Во сверата на географската наука, а во контекст на новите компјутерски техники и технологии, светски тренд е развојот на Географските Информациски Системи. Тоа се техники и технологии каде просторните податоци дигитално картографски се прикажуваат и се поврзуваат со соодветни податоци (бројни, описни, мултимедијални и други). Ваквите географско-картографски и информатички организирани системи овозможуваат обемни, разновидни и брзи анализи за случувањата во географскиот простор (кој пак опфаќа разни физичко географски, социогеографски и економско географски одлики на конкретна територија).
Денес во светот од ден на ден се зголемува бројот на оние кои се школуваат и обучуваат за работа со овие современи технологии. Бидејќи тие се организираат и воспоставуваат на ниво на држава, на ниво на општини, по сектори на дејности и разни други нивоа, можностите за работа со овие технологии се повеќе се зголемуваат. Всушност, стручните лица од оваа област, денес се меѓу најдобро платените во Европа и пошироко, бидејќи иднината е незамислива без примена на географските информациски системи во многу полиња.
Поради ваквата тенденција на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје веќе трета година се реализира студиска програма од Географски Информациски Системи (ГИС). Се студираат географски, картографски и апликативни информатички содржини. Така, со соодветна географска наобразба, целосна картографска и дигитално картографска обученост и примена на најпознатите софтверски пакети за организација и воспоставување на ГИС апликации спремни сте и за самостојна и за тимска работа.
Со добиените знаења и квалификации широки се полињата за вработување во разни институции и тоа:

  • во соодветните сектори при министерствата и останатите државни институции,
  • во општините,
  • во статистичките институции,
  • во катастраските служби,
  • во сообраќајно транспортните претпријатија,
  • во општествените системи како сто се образованието, здравството и социјалните грижи,
  • во информациските и телекомуникациските институции и сервиси,
  • во разни проектантски организации и фирми и т.н.

Како пример ќе ја наведеме следната информација дека сите општини во Република Македонија имаат набавено наменски софтверски пакети за организација и воспоставување на ГИС –географско информациски систем, а во недостаток на кадри тие сеуште не се на соодветно развојно ниво. Таквите техники и технологии очекуваат специјално подготвени кадри. Ваквата можност ја имате на студиската програма за Географски информациски системи на Институтот за географија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Студиите се пропратени со теренски настави, посета на институции, практична работа и проектно ангажирање.
Ве очекуваме, шансата е пред вас!

Проф. д-р Благоја Маркоски,
Раководител на студиската програма од ГИС

Оваа статија е прочитана 4948 пати!

Автор:

Од категорија: Наставни · Tags: , , ,

Еден одговор на "ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ – ВИЗА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ!"

  1. StefaniStojanovik says:

    Ubedlivo najdoba smer…Moja preporaka do site idni studenti :)

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger