Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Под површината на Титан лежи голем воден океан?

Под површината на Титан лежи голем воден океан?

1.07.2012

Вселенската сонда на НАСА, „Касини“ открила цврсти докази за постоење на подземен океан под ледената површина на Титан, најголемата месечина на Сатурн. Ова откритие го вбројува Титан меѓу неколкуте познати месечини во вселената во кои имаат подповршински води, како што се најголемата месечина на Јупитер, Европа и малата месечина на Сатрурн, Енцеладус. Доказите за постоењето на вода на Титан, сондата ги собираше помеѓу 2004 година и 2011 година кога шест пати поминала во близина на месечината и врз основа на тие податоци, научниците го откриле составот добивајќи го од силата на гравитацијата што ја има Сатурн. „Присуството на вода не значи дека постои живот”, соопшти Лучијано Лес, од римскиот истражувачки центар, но Титан има многу занимливости, мешавина на јаглеводороди, хидролошки циклус и густа атмосфера. Научниците се уште не знаат дали подземниот океан е поврзан со карпи, можни извори на минерали и други елементи неопходни за живот. Според мерењата на Касини, водениот океан е на длабочина од околу 100 км под површината на оваа месечина. Подетални информации за овој голем океан ќе се добијат за време на следната истражувачка мисија во 2017 година, кога сондата повторно ќе го посети Титан – еден од најинтересните сателити во Сончевиот систем.

Извор: http://www.newsdaily.com/stories/bre85r1u7-us-space-saturn/

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Од категорија: Географски вести · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *