Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Светска карта на поголемите земјотреси од 1898 година до денес

Светска карта на поголемите земјотреси од 1898 година до денес

8.07.2012

Ако барате место кое би било сигурно од земјотреси, оваа карта може да ви помогне. Таа покажува каде се случиле поголемите земјотреси на планетата Земја и тоа од 1898 година до денес. На картата, вкупно се внесени 203.186 земјотреси посилни од 4 степени по Рихтер, на тој начин што колку е посјајна точката, толку бил посилен земјотресот. Се забележува дека земјотресите обично се распоредени во карактеристични тесни зони и области на Земјата. Во таа смисла, најопасен е рабниот појас на Пацификот, но она што е значајно за нас е дека доста голема густина на земјотреси се забележува и на Балканскиот Полуостров. Всушност, зоните на земјотресите најчесто се поклопуваат со границите на тектонските плочи, односно на местата на нивните судири. Од друга страна има големи области каде воопшто не е забележан земјотрес не само во анализираниот период, туку со векови. 

Целиот проект е изведен од страна на тематскиот картограф Џон Нелсон, кој работи како менаџер во софтверската куќа IDV Solutions. При тоа, користел податоци од повеќе институции, како Американскиот геолошки завод, Универзитетот Беркли, NCEDC.org и други.

Извор: http://www.dailymail.co.uk

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3559 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger