Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » Изберете ја вашата омилена дестинација за патување со помош на tripadvisor.com

Изберете ја вашата омилена дестинација за патување со помош на tripadvisor.com

9.07.2012

Во овој жежок летен период кога се бараат места за летување, одмор, прошетка, посета и уживање, корисно е да се добие некаква објективна препорака или предлог за дестинација, без оглед дали е тоа во Македонија или пак по разни делови на светот. За таа цел, можеби најобјективни и најдетални информации ќе добиете од мегапопуларната веб страница www.tripadvisor.com, која нуди можност за избор и планирање на патувањето според сопствените желби, потреби и можности. На неа можат да се најдат листи на најинтересни и најпосетувани дестинации, потоа огромен избор на хотели, авионски летови, одмаралишта и ресторани во местата коишто планирате да ги посетите.
Страницата е во сопственот на TripAdvisor® со седиште во Масачусетс, САД и е најголема од тој вид во светот. Има повеќе од 50 милиони посетители месечно и преку 60 милиони мислења и рецензии од посетителите. Страницата оперира во 30 земји ширум светот и е достапна на 21 јазик, а нејзиното користење е бесплатно. Постои можност да се стане регистриран член, со што на сопствениот e-mail ќе се добиваат известувањата за најновите и најдобрите понуди, попусти, акции и сл., па затоа „tripadvisor“ има 20 милиони членови ширум светот. Со користењето на оваа веб страница можете самите да си испланирате патување во било кој дел од светот. Некои од нејзините позначајни функции се:

  • Преглед и предлози за популарни и барани дестинации низ светот, со разни мислења, оценки и критики за тие дестинации
  • Можност за резервирање на хотели во голем број земји од светот (бирање на видот на собата, можност за резервирање на повеќе соби, одбирање на категоријата на хотелот и слично)
  • Можност за резервација на летови од и кон сите поголеми аеродроми во светот
  • Можност за резервација на апратмани и викиендички во сите земји каде што страницата има соработници
  • Можност за давање на идеи за патување според тоа за што сте заинтересирани (дали сакате патување на плажа, во места со казина, забава за семејството, авантура, историја и култура, романтични места, шопинг, скијање или спа центри).
  • Можност да ги видете најпознатите ресторани во местата каде што сакате да патувате (да дознаете каква храна нудат, можност за резервација и слично).
  • Можност за слободен туристички водич во местото кое што сакате да го посетите (ви ги покажува најзначајните знаменитости на местото) и други.

www.tripadvisor.com претставува значајно олеснување за сите оние кои што сакаат самите да си го испланираат патувањето, а не да бидат зависни во изборот на дестинација од понудите на туристичките агенции. Во таа смисла, особено значајни се мислењата, оценките, рецензиите и фотографиите од посетителите на избраните дестинации, хотели, ресторани и сл. Заради максимална објективност, сите тие коментари и оценки не се поставуваат автоматски по пишувањето на клиентите, туку се проверува дали се објективни и вистинити (од вистински клиент, од еден компјутер, дали е навредлива и непристојна содржината и воопшто, дали можеби постои пристрасност). На оваа страница, можат да се најдат многу места, содржини и сместувачки објекти за посета во Македонија, релативно добро оценети и тоа претежно од странските туристи. Секако, најмногу оценки има за Охрид и околината, потоа за Скопје, но и за други места во државата.

Затоа, пред да тргнете некаде, најсигурно е да ја проверите дестинацијата, цените, сигурноста, храната, хотелот, околните ресторани и други погодности кои се дадени на Tripadvisor и да ги прочитате мислењата, оценките и критиките. Дополнително, имате можност да погледнете репрезентативни фотографии од соодветните места, со што ќе добиете многу добра претстава за дадениот простор, објект или содржина. На тој начин, ќе се уверите дека станува збор за вистинскиот избор што ви го понудиле агенциите или можеби ќе имате сосема нова, уникатна и интересна идеја каде да прошетате, одмарате и да се забавувате?

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 2522 пати!

Автор:

Од категорија: На тема · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger