Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Чудесна Македонија » На која надморска височина се нашите градови?

На која надморска височина се нашите градови?

1.08.2012

Дали сте се запрашале на која надморска височина се градовите во Република Македонија? Дали знаете дека има само два града под 100 м и еден над 1000 м надморска височина?
Со помош на поновите топографски карти, сателитски снимки, дигитални модели на релјефот и специјален ГИС софтвер, направена е анализа на надморската височина на градовите во нашата држава. При тоа се добиени интересни податоци. Така, од вкупно 34 града, само градовите Гевгелија и Богданци лежат под 100 м надморска височина, а Крушево пак е единствен град кој целосно лежи над 1000 м надморска височина (Пехчево е помеѓу 960 и 1050 м). Крушево е убедливо највисок град во Македонија (1220 м), а неговите највисоки делови достигаат речиси до 1300 м, што е повисоко и од некои планини (за споредба, Водно е високо „само“ 1066 м!).
Генерално, надморската височина на градовите се зголемува одејќи од излезот на Вардар, Струмица и Црни Дрим од нашата држава, кон горните, изворишни долински делови на овие реки и нивните притоки.
Најмногу градови има помеѓу 600 и 700 м надморска височина (дури 10), а најмногу пак население во 3-те града кои лежат помеѓу 200 и 300 м. Во однос на топографијата, интересно е што висинската разлика во градовите е доста голема: од 155 м кај Скопје, 130 кај Крушево, Кратово и Велес до само 4 м кај Струга и 30-тина метри кај Гевгелија и Демир Капија. Сепак, со оглед на површината, најголема висинска разлика имаат Крушево и Кратово, што се гледа и во нивната физиономија. Големите висински разлики кај градовите се поради нивната положба покрај ридско-планинските падини, а типични целосно рамничарски градови речиси и да нема (освен Струга и донекаде Гевгелија). Во приложената табела се дадени податоците за надморската височина на 34-те града во Република Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

(податоците се пресметани од страна на авторот и како такви треба да се цитираат!)

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 11207 пати!

Автор:

Од категорија: Чудесна Македонија

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger