Во Словенија откриена пештера дури 5 км подолга од Постојнска Јама!

3.09.2012

Меѓународна група научници и студенти, неодамна под планината Толмински Миговец во Словенија откри пештера која по својата должина значително ја надмаши Постојнска Јама – една од најголемите и најубавите пештери во Европа.
Полни 18 години тимот на британскиот Imperial College Caving Club заедно со членовите на спелеолошката секција на планинарското друштво Толмин, истражуваа два пештерски система: Миговец и Вртнарија. Меѓутоа на 13 август истражувачите открија дека двете пештери се поврзани и претставуваат огромен подземен систем долг 25 км, на длабочина од речиси 1000 м под земјата.
Тимот планира да се врати во пештерскиот систем за да собере карпести примероци од сеуште неистражените делови и да утврди како се процедува дождовницата низ карстните терени во овој дел, создавајќи значајни извори на вода за пиење во областа.
Постојнска Јама, која сега е веќе втора по должина во Словенија, прв пат е опишана во 17. век, а новите канали случајно се откриени во 1818 година. За јавноста, од 20,5 км подземни канали достапни се дури 5,3 км, по што е најдолг пештерски состав достапен за туристи. За разлика од Постојнска Јама, новооткриениот пештерски систем Миговец е многу потешко пристапен и во прво време ќе биде достапен само за професионални спелеолози.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 5213 пати!

One thought on “Во Словенија откриена пештера дури 5 км подолга од Постојнска Јама!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *