Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » ЈАЛОВИНАТА ОД ТОРАНИЦА ЈА ЗАГАДИ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

ЈАЛОВИНАТА ОД ТОРАНИЦА ЈА ЗАГАДИ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

17.11.2011 Превземено од: Телма

slika

Државниот инспектор за животна средина ги објави резултатите од еколошката катасрофа која пред една недела се случи кога голема количина јаловина беше испуштена од рудникот „Тораница“. Мострите земени од седум места по течението на Тораничка и Крива река, покажаа три пати поголемо присуството на тешки метали над дозволеното. Државниот инспекторат ќе поднесе санкции за сопственикот на Тораница, компанијата „Индоминерали и метали“ како и за одговорното лице вработени во рудникот.

Резултатите од земените мостри по течението на Крива Река и река Тораница покажуваат дека е надминато дозволеното ниво на присуство на тешки метали – oлово, бакар и кадмиум по излевањето на јаловината од рудникот Тораница, информира денеска државниот инспектор за животна средина Фирус Мемет.

Тој посочи дека согласно Законот за животна средина, по добиените резултати биле во рудникот, а Инспекторатот почнал постапка.

– Покрената е постапката. Се надевам дека во најкраток можен рок тоа ќе се реши. При чинот на потпишување на записникот на почнување на постапката субјектите признават и свесни се за настанатата хаварија. Во тој дел наидовме на разбирање од нивна страна за тоа што го направиле и ќе сносат одговорност, рече Мемет.

Согласно Законот за животна средина, овој прекршок спаѓа во трета категорија за што е предвидена глоба од 70 до 100 илјади евра за правното лице и од осум до 13 илјади евра за одговорното лице.

 

Оваа статија е прочитана 3940 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger