Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Цивилизацијата на Маите била уништена од климатските промени пред околу 1000 години?

Цивилизацијата на Маите била уништена од климатските промени пред околу 1000 години?

11.11.2012

Меѓународен тим на научници, анализирајќи ги сталагмитите и богатите археолошки наоди кои ги направиле Маите, заклучиле дека пропаѓањето на цивилизацијата на Маите се должи на глобални климатски промени. Тимот на експерти изработил детална климатска карта за период од 2000 години со одбележани сушни и дождовни периоди во денешно Белизе, каде помеѓу 300-тата и 1000-тата година се развивале градовите на Маите. За разлика од моменталниот тренд на глобално затоплување, промената на климата во средна Америка за време на пропаѓањето на Маите било предизвикано од големи циклични природни промени на времето. Таа во период од неколку векови носела екстремна влага која им помогнала на Маите брзо да напредуваат, но и периоди на изразито сушно време. Влажните периоди го поттикнале развојот на земјоделието и порастот на населението и го зајакнале престолот на кралот на кој му го препишувале дождот и му приредувале жртвувања за да продолжи поволното време. Кога влажниот период околу 660 година постепено преминал во сушен, авторитетот и моќта на кралот паѓала, а тоа било поврзано со се поголемиот број на војни за природни извори. Политичкиот крај на Маите се случил околу 900-тата година кога долгиот сушен период потполно ја поткопало кралската власт. Но, населението се одржало уште повеќе од стотина години, се до екстремната суша од 1000-та до 1100-та година која ги натерала Маите да ги напуштат центрите на својата цивилизација. За време на сушните периоди, веројатно се случувале и разни неповолни природни појави: суши кои се сменувале со катастрофални поплави, силна ерозија, пожари и друго. Нешто слично се случува и денес со глобалното затоплување и регионалното „засушување“ на климата што многу тешко ќе погоди одредени области на Земјата.

Извор: http://www.dailymail.co.uk/sciencetech/article-2230034/Did-climate-change-cause-collapse-Mayan-civilisation.html

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*