Oтворен највисокиот национален парк во Светот

13.11.2012

Со отварање на Националниот парк Комолангма, Тибет стана дом на највисокиот национален парк во светот. Паркот е именуван според врвот Монт Еверест, кој локалното население го нарекува Комолангма или Чомолунгма. Границите на паркот се пет планини повисоки од 8.000 метри, вклучувајќи го највисокиот врв во светот, Монт Еверест (8848 м). Исто така, овде се наоѓаат десет планински врвови над 7.000 метри, а просечната височина му е околу 6500-8000 м. Националниот парк ќе биде фокусиран на заштита на животната средина, биодиверзитетот и превенција од нелегална експлоатација на ресурси и користење на земјиште. Инаку, паркот зафаќа површина од 78.000 км кв. и се протега низ шест области на Тибетскиот регион Шигаце, на самата граница со Непал. Ова е веќе третиот национален парк на Тибет и секако највисок. До паркот пристапноста е доста тешка и опасна, но убавините што можат да се видат таму се фасцинантни, што се гледа и од приложените фотографии.

Автор: Стефани Стојановиќ

Оваа статија е прочитана 3521 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *