Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Мистеријата на фантомскиот остров во Пацификот

Мистеријата на фантомскиот остров во Пацификот

23.11.2012

Поголемо копнено подрачје, кое на Google мапите се нарекува Песочен остров, а се наоѓа помеѓу Австралија и Нова Каледонија, научниците од Универзитетот во Сиднеј не успеале да го пронајдат на означенота локација. Како што пренесува BBC, фантомскиот остров со години е означено на картите. Научниците имале намера да го разгледаат островот од причина што навигациските карти покажуваат дека длабочината на морето во тие области е навистина голема и изнесува околу 1400 метри. Островот се наоѓа на картите на Google, но и на останатите извори заради што постои голем интерес да се провери локацијата. Сепак, и покрај подолго пребарување истото не беше пронајдено. Според членовите на истражувачкиот тим, сите се збунети и сето тоа е доста необично. Како островот се нашло на морето? Се очекува во идниот период да се дојде до одговорот со понатаошни истражувања. Австралиските весници пренесуваат дека островот би требало да се наоѓа во француските води бидејки е блиску до Нова Каледонија, меѓутоа сепак го нема впишано на француските карти. Австралиската хидрографска служба која ги изработува наутичките карти смета дека појавувањето на островот на некои карти е резултат на човечка грешка која се повторувала со години. Причина зашто толку долго е означен островот на овие наутички карти е поради тоа што тие карти се сметаат за особено доверливи. Потпаролот на Google Earth изјави дека пред некоја карта да биде објавена компанијата консултира бројни извори на податоци. Така барем уште некое време големиот фантомски остров ќе остане на картите како можеби единствен таков пример.

Извор: http://www.b92.net

Подготвил: Стефани Стојановиќ

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*