Одржан меѓународниот симпозиум за Медицинска географија во Софија

27.11.2012

Минатиот месец, поточно на 25 и 26 октомври 2012 година, во организација на Сојузот на Бугарските медицински друштва и Бугарското друштво по медицинска географија, во Софија, Република Бугарија, се одржа научен симпозиум од сверата на медицинската географија. Симпозиумот имаше меѓународен карактер. Со свои научни трудови се претставија научни работници од земјата домаќин Република Бугарија, Република Македонија, Русија, Украина и Албанија.

Главна тема на симпозиумот беше проблемот на „Традицијата и современоста на медицинската географија и медицината во кризните ситуации“. Беа изнесени поголем број научни трудови низ кои беа прикажани влијанијата на географската средина врз здравјето на луѓето, распространетоста и ширењето на болестите, но и аспектите на превенција и заштита од болести.

На овај научен собир со свои трудови настапија и претставници од Република Македонија. Така, беа презентирани трудовите: Distribution of Health Institutions as a Factor of Health Care of the Population (Разместеност на здравствените институции како фактор на здравствена заштита на населението) под авторство на Благоја Маркоски, Олгица Димитровска, Ивица Милевски и Свемир Горин и Optimal Waste landfill Site Selection as a Prevention of Diseases (Избор на оптимална локација за депонии како превенција од појава на болести) под авторство на Ивица Милевски, Олгица Димитровска, Благоја Маркоски и Свемир Горин од Институтот за географија при Природно математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај тоа, од Македонија свои презентации изнесоа и претставници од Педагошкиот факултет при универзитетот Гоце Делчев од Штип.

Симпозиумот беше одлично организиран. Неговото значење е дотолку поголемо што во условите на денешната динамика на населението во светот, неговото секојдневно преразместување од едно на друго место, климатските и други глобални географски промени, значително се зголемени условите за пренесување на болестите од една во друга географска средина. Поради тоа проблемот на медицинско географските расправи и превенција станува се поактуелен. Затоа, искрено се надеваме дека вниманието кон медицинската географија ќе се зголемува како на Балканот, така и пошироко, а со тоа и медицинската географија како дисциплина ќе се развива со позабрзано темпо (повеќе за Медицинска географија види овде).

Автор: проф. д-р Благоја Маркоски

Оваа статија е прочитана 4121 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *