Нивото на морето се издига значително побрзо од очекуваното

29.11.2012

Според најновите сознанија, морското ниво се искачува околу 60 проценти побрзо од претходните проекции на Обединетите Нации. Со тоа се загрозени подрачјата од Мајами до Малдиви, бреговите на Италија (особено Венеција), Холандија и други ниски крајбрежни подрачја во светот. Известувањето претставено на разговорите за климатските промени на ОН кои се одржуваат во Катар исто така укажува дека глобалните температури се многу повисоки отколку претходните предвидувања. Авторот на најновото истражување, Штефан Рамсторф од Универзитетот во Потсдам, вели дека глобалното затоплување воопшто не забавува. Според сателитските податоци, нивото на Светското море се издигнува за 3,2 мм годишно или 60% побрзо во однос на претходно предвидените 2 мм.  Извештајот од 2007 година, покажува дека нивото на морето во овој век ќе се издигне за 18 до 59 см, додека во минатиот век тоа издигнување изнесувало само 17 см. Сепак, најновите истражувања предводени од Рамсторф велат дека треба да се очекува нивото да се издигне за 1 метар, па и повеќе ако се зголеми емисијата на стакленички гасови. Тогаш крајбрежните подрачја по светот би биле загрозени со олуји, ерозија и во најлош случај целосно поплавување. Всушност, главната цел на собирот во катар беше да се оствари напредок во постигнување на договор за намалување на емисија на стакленички гасови почнувајки од 2020 година. Останува да се види дали оваа нова иницијатива ќе вроди со плод.

Подготвила: Стефани Стојановиќ

Оваа статија е прочитана 4770 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *