Во Кина отворен „Градот од мраз“.

29.12.2012

Кинескиот град Харбин, кој се наоѓа во близина на границата со Рсија, веќе ги отвори вратите на својот познат парк на скулптури од мраз и снег за сите посетители кои сакаат да ја видат оваа неверојатна убавина. За разлика од претходните години, овој пат градот од мраз е отворен цели две недели пред рокот за да бидат сигурни дека се ќе функционира во најдобар ред. И покрај премногу ниските температури кои се карактеристични за овој регион на Кина, во паркот беа присутни голем број на посетители желни да ги видат фасцинантните фигури и градби. Светот на мразот и снегот во Харбин, престолнина на североисточната провинција Хеилонгјанг е најпознат зимски парк во Кина. Уникатните скулптури кои можат да се видат во паркот, секоја година привлекуваат голем број на туристи од целиот свет. Уметниците за оваа година креирале повеќе од 2.000 скулптури, кои се преубави преку ден, но уште поинтересни преку ноќ поради осветленоста со различни бои. Кристалниот дворец висок 48 метри е најголема од сите нив. Инаку, официјалното отварање на паркот ке биде на 5-ти јануари 2013 година. Па кој сака да ужива во мразните убавини од бајките, нека отпатува до овој дел на Кина.

Извор: www.b92.net

Автор: Стефани Стојановиќ

Оваа статија е прочитана 3640 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.