Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » 125 години од постоењето на National Geographic Society

125 години од постоењето на National Geographic Society

Вчера се одбележа 125 годшнината од постоењето на „National Geographic Society“ оценувајќи го своето досегашно патување како патување на мало научно тело, создадено за да ги зголеми и прошири географските знаења, кое прерасна  во една од светски најголемите образовнио едукатви организации.

Се започнало на 13 јануари 1889 година во Вашингтон каде 33 од најпрочуените научници и иинелектуални лидери од градот се здружиле и го основале она што е денес „National Geographic Society“.

Две години подоцна организацијата ја спонзорирала првата експедиција, за истражување на планината Свети Елиас на Аљаска. До 2012 година, оваа светски позната организација финансирала повеќе од 10 000 научни истражувања, конзерваториуми и истражувчки проекти. 125 години, списанието „National Geographic“ не маѓепсуваше со фотогрфии и податоци од најоддалечените и најизолираните делови на светот.

По стапките на National Geographic Society:

13 јануари 1888 година: 33 основачи се состанаа во клубот Космо во Вашингтон за да оснваат организација за проширување и разјаснување на географските знаења.

Октомври, 1888  година: Првото издание на магазинот е доставено до 200 претплатници.
Јули, 1890 годна: „National Geographic“ ја објави својата прва фотографија, поглед на островот Хералд, Русја, снимена од брод.

1890-91 година: Спроведена е првата експедиција за истражување на планината Елиас на Аљаска, и ја откриваат планината Логан, највисокиот врв во Канада. До  2012 година организацијата финансирала и спровела повеќе од 10 000 научни истражувања, конзервации и истражувчки проекти.

Јули, 1906 година: се објавуваат фотографии од животни,фотографирани во текот на ноќта, двајца членови од бордот на органзацијата поднесуваат отставка бидејќи се згрозени и сметаат дека списанието е претворено во сликовница.

1941 година : „National Geographic Society“ ги презентира сите свои  фотографии, мапи и други картографски податоци пред  претседателот  Рузвелт и вооружените сили на САД за да им помогне во воените напори. Следната година, организацијата отвара  кабинетот со  мапи за Винстон Черчил.

Септември, 1959 гдина: На насловната страна на магазинот почнуваат редовно да се појавуваат фоторграфии во боја.

1969 година: Дан Фоси ја започнува првата долгорочна студија под покровителство на „National Geographic“ за истражуање на планинските горила во Руанда.

1969 година: 11 астронаути го носат знамето на „National Geographic Society“ на месечината.
Април, 1979 годна: Мери Лики го објавува  дека се откриени стапки,стари 3,6милиони годии во вулканскиот пепел по речното корито на Танзанија,за кои се верува дека се од предците на модерниот човек.

1984 година: пионерот во подморската археологија Џорџ Ф. Бас  ја открива најбогатата збирка на трговски стоки од бронзената ера некогаш пронајдена на морското дно во потонатиот брод во Турција, стар 3 400 години.

Септември 1985 година:
Роберт Балард открива дека е откриен потонатиот Тианик.
Јуни , 1996 година: организацијата отвара своја интернет-страница: www.nationalgeographic.com.

Септември,1997 година:
„National Geographic“  влегува во светот на кабловската телевизија и почнува да се пркажува во Велика Британија, Сакандинавија и Австралија. До 2012 година „National Geographic“  има 440 милиони гледачи во 171 земја на 38 јазици.


Април, 1998 година:
го објавува првиот свој долгометражен флм „Мистериите на Египет“
Март, 2002 година: „National Geographic“  објавува дека ја лоцирале Шарбат Гула, девојката од Авганистан која се појави на насловната страница во јуни, 1985 година. Нејзината фотографија стана најпрепознатлива во истоијата на списанието.

Март, 2012 година: Џејмс Камерон станува првиот човек кој нурка сам во Маријанскиот Ров како дел од „Предизвикот на морските длабчини“ здружена научна експедицја од Камерон,  National Geographic и Ролекс.

Извор:http://www.fakulteti.mk

Подготвил: Глигорије Џилвиџиев

 

 

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*