Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » Пронајдени нови фосили на Смилодон (Smilodon)

Пронајдени нови фосили на Смилодон (Smilodon)

23.01.2013

Првите фосили од ова суштество се пронајдени при карајот на XIX век во лоаклитетот Ранчо Ла Бреа, Калифорнија. Од самото негово пронаоѓање станува еден од двата најбарани фосили помеѓу колекционерите, заедно со фосилите на tiranosaurus rex. Научниците знаат повеќе за Смилодонот отколку за било кој друг вид на исчезната мачка. Остатоците од повеќе од 2,200 индивидуи се пронајдени само во јамите со катран во Ранчо Ла Бреа, Калифорнија, што овозможило научниците да дадат многу добра и донекаде детална слика за ова животно. Според проучувањето на неговите коски заклучено е следново:

– Предците на смилодонот се појавиле во Стариот Свет и се верува дека дошле во Северна Америка преку Беринговиот премин пред околу 18 милиони години. После успешното населување во Америка, античките мачки, или paleofelids (палеофелиди), продолжиле да еволуираат во широка лепеза од различни видови, секој со специјализирани карактеристики најдобро усовршени за околината во која живее. Негов директен предок е најверојатно megantereon кој егзистирал во Евроазија но успеал да премине и во Америка каде одлично се снашол. Тој во фазата пред неговото “изумирање” има огромни сличности со смилодонот и овој период коинцидира со појавувањето на самиот смилодон. Всушност се претпоставува дека мегантереонот не изумрел туку преминал (еволуирал) во смилодон, со што значително ги променил својот изглед, големина и плен. – Smilodon, веројатно најдобро познатата сабјо-заба мачка, бил голем и моќен предатор кој доминирал во регионот на западните брегови на Северна Америка за време на Плиоценот па се до крајот од последното ледено доба. Смилодонот не е само најдобро познат туку и најскорашен во базите за фосили, егзистирајќи до пред само 10,000 години. Животниот стил и социјалниот однос на смилодонот се шпекулативни. Проучувањата на денешните фелиди т.е мачки нудат само заклучоци но не и дефинитивни одговори. Дали Смилодоните живееле во групи и ловеле како чопор или имале самотен живот, може само да се претпоставува, а најверојатно тоа зависело од околината во која егзистирале. Доколку живееле на место каде што теренот е многу поотворен, ловењето како чопор кој соработува би била поуспешна адаптација, но доколку живееле и се прикрадувале на својот плен во позатворен терен, каде прикрадувањето и елементот на изненадување се неопходни, многу поверојатно би било да е самотно животно.

– Животната средина исто така би влијаела и на физичкиот изглед. Смилодоните, како и денешните мачки, би имале дистинктивни белези на лицето кои се важни за време на среќавањата со други индивидуи од истиот вид кои се користат за комуницирање и парење. Исто како и денешните мачки, тие би имале некаков вид на природна камуфлажа, манифестирана со точки, риги или розети доколку живееле во позатворен терен, а доколку живеалиштето било отворена савана тогаш поверојатно е да биле со слична боја како денешните лавови и кугари (пуми). Покрај очигледната употреба на сабјо-ликите заби за лов, тие веројатно играле голема улога и при парењето, како што денешните лавови ја користат својата грива. Големи, здрави заби би укажувале на добар претендент со здрави гени за време на одбирањето на партнерот.

– Зошто ова животно било толку успешен предатор е објаснето од структурата на неговиот скелет без некои потешкотии. Има огромни заби (горни песјаци) кои кај овој вид достигнувале и должина од 20 до 25 см. Можеле да ја отвараат својата вилица под агол од неверојатни 120 степени. Просторот во кој се сместени мускулите кои ја одредуваат силата на вилицата е прилично мал што значи дека немал многу силни вилици. Но, тоа е така поради неговите големи песјаци кои што ги употребувал откако ќе ја соборел својата жртва и ја каснувал онаму каде ште нема коски (за да се намали ризикот од повреда на забите) и ја оставал да искрвави до смрт, за што не било потребно многу време со оглед на големината на раните кои ги задавал. Исто така, бил доста мускулест вид, претежно околу пределот на вратот и рамењата. Овие мускули кај смилодонот биле многу изразени и нивна улога практично била да го онеспособуваат пленот со силни удари и да можат да ги задржуваат на земја своите жртви, како би можеле да ги искористат своите сабјести заби. Како и денешните мачки имал вовлечливи канџи кои сами по себе се доволни за усмртување на пленот. Доколку се направи споредба на денешната најкрупна и најсилна мачка, сибирскиот тигар, кој со еден удар со својата шепа во глава може да усмрти бивол, смилодонот со своите поголеми шепи и канџи плус поголемата сила која доаѓа од мускулестиот грб, се претпоставува дека би можел да убие помлад мамут со еден удар во главата. Не бил многу брзо животно (одприлика колку денешните лавови), се претпоставува дека трчал со 55 до 60 км/ч, но бил одличен стартер и имал многу голем одскок, што е пресудно за предатор кој му се прикрадува на својот плен. И нормално, неговата големина не треба да се занемари со оглед на тоа дека можел да достигне до 350 кг и околу 120 см во височина на рамењата.

– Еден од видовите на смилодон, поточно smilodon populator се смета дека е виновник за изумирањето на сите торбарски предатори кои биле со средна големина или оние кои спаѓале во крупните предатори. Поточно, торбарските предатори кои живееле и доминирале со Јужна Америка пред да се спои со Северна Америка. Тогаш смилодонот преминал во Јужна Америка и за брзо време станал доминантен предатор на континентот, на сметка на поголемите торбарски предатори од кои најпознат е thylacosmilus. Иако тилакосмилусот бил голем колку денешните јагуари, бил мускулесто животно а воедно имал и погелеми песјаци и од смилодонот т.е околу 30cm долги, сепак бил попримитивен предатор и не успеал да му се спротисави на “помодерниот” и поголем смилодон, што на крај резултирало со негово изумирање.

– Смилодонот бил еден од најуспешните видови на сабјо-заби мачки. Причините за неговото брзо изумирање пред околу 10,000 г. се мистерија и може само да се даваат теории. Една од попопуларните теории сугестира дека климатските и вегетационите промени предизвикале драстично намалување на животните кои ги ловел смилодонот, па како последица и геномот на смилодон згаснал. Друга популарна теорија сугестира дека луѓето кои дошле во Новиот Свет ги ловеле животните кои претставувале плен на смилодонот до нивно истребување, па го осудиле и самиот Смилодон на иста судбина со оглед на тоа дека немал извор на храна. Но јасно како ден е дека луѓето од Новиот Свет и смилодонот се среќавале многу често бидејќи ловеле исти животни, па сигурно доаѓало и до судири во кои едниот од двата вида од врвен предатор можел да стане плен за дел од секунда.

– интересно е што во последниве 30-тина година има пријавено повеќе случаи на мистериозни мачки со сабјести заби, големи по раст и со мали опашки како на рисовите. Најчести пријавувања на вакви случаи има од Еквадор, Белизе, Бразил и Чад. Во Белизе пред неколку години биле запленети кожи од две животни кои не наликувале по ништо на познатите мачки, а по изведените испитувања и мерења се совпаѓаат со скелетите од смилодон. Но, и двете кожи биле уништени после поплава. Во Бразил била убиена мачка со 30 см долги песјаци за која се претпоставува дека е можеби смилодон или друг вид на сабјо-заба мачка. Некои научници не се согласувале со тоа и велеле дека е мутиран јагуар, но тоа баш и не држи вода со оглед на големината на забите на оваа мачка и распонот на вилицата на јагуарот која е околу 70 до 75 степени. Тој би умрел од глад бидејќи не би можел ниту да лови ниту да се храни. И случајот во Чад, кога преплашен овчар отишол до најблиската полициска станица да пријави дека видел суштество кое личи на лав, но е поголемо, нема грива, но има многу мускулест врат и рамења, огромни заби, и нема опашка. Кога го здогледал суштеството на околу 200 м од него, прво неговите кучиња се разбегале иако биле 8 а ова суштество било само, а веднаш потоа и тој преплашен за својот живот го оставил своето стадо и почнал да бега. Не се исклучува можноста во Чад да има некое вакво суштество за кое се смета дека е исчезнато, со оглед на непристапноста и неистраженоста на теренот. Но, во Чад, ова суштество веројатно не би било смилодон туку накој друг вид на мачка или нимравид како на пример, динофелис кој бил застапен долго време во Африка.

Извор:
http://www.ucmp.berkeley.edu/mammal/carnivora/sabretooth.html

Подготвил: Никола Костадиновски 

Оваа статија е прочитана 3570 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger