Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема » 10 интересни факти од географијата

10 интересни факти од географијата

29.01.2013

Ви претставуваме неколку интересни географски факти поврзани со нашата планета и места што можеби некогаш сте ги посетиле и доживеале.

  • Финска е позната и како ’’земјата на илјада езера’’ поради 188 000 езера кои се наоѓаат во оваа земја.
  • Највисокиот мост на светот се наоѓа на Хималаите. Бил изграден од индијската армија во 1982 година и се наоѓа на 5600 метри надморска височина. Најголема височина пак од дури 470 м има мостот на реката Сиду во Кина, изграден 2009 година, со должина од 1220 метри. Од него се протега фасцинантен, дури страотен поглед кон долината на реката и кон самото долинско дно.
  • Во 1819 година, САД ја купиле Флорида од Шпанија, како порамнување на долг од 5 милиони долари.
  • Австралија е единствен континент без ниеден активен вулкан.
  • Бајкалското езеро е најстарото природно езеро на Земјата, кое се формирало пред 20 до 25 милиони години.
  • Звукот што го предизвикуваат Викторијините водопади во Зимбабве е толку силен што се слуша на далечина од 60 км.
  • Истанбул во Турција е единствениот град на светот кој лежи на два континенти.
  • Најголемиот гребен на светот е Големиот корален гребен во североситочниот дел на Австралија. Гребенот е долг околу 2023 километри и се гледа од вселената.
  • Најладното место е Восток на Антартикот каде се измерени – 89.2 степени во јули, 1983 година.
  • Најтоплото место на земјината топка е Долината на смртта во Калифорнија. Есента, 1922 година таму се измерени 57.8 целзиусови степени.

    Истанбул – градот на два континенти

    Изработиле: Тодорче Тановски и Славица Тенекиџиева

Објавено од:

Од категорија: На тема

Leave a Reply

*