Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот » Кито – град во божествените височини

Кито – град во божествените височини

30.01.2013

Главниот град на Еквадор – Сан Франциско де Кито, се наоѓа на 2850 метри надморска височина, што е повеќе од било кое алпско скијалиште. Тој се наоѓа во северниот и централниот дел од Еквадор во речениот слив Гуајлабамба, на падините на вулканот Пичинча. Со население од 1.397.698 жители, според последниот попис (2001) и како што е пресметан од страна на општината со околу 1.504.991 жители во 2005 година, Кито е вториот најнаселен град во Еквадор, по Гвајакил. Неговиот историски кварт е преполн со величествени цркви, манастири и поплочени стрмни улици. Лежи на главна раскрсница која ја изградиле древните Инки, а го довршиле Шпанците. Градот е опкружен со планини, кои се сместени на падините на вулканот Пичинча од кој повремено избиваат густи облаци со прашина.
Локалното население сигурно ќе се сложи со тоа дека земајќи ги во предвид сеизмичките фактори, би била прилично лоша локација за изградба на голем урбан центар. Како резултат на тоа, тие секој ден го живеат како да им е последен. Најголемиот број од населението го населуваат северниот град на овој тесен град. Преубавиот дел на јужната страна го одбегнуваат бидејќи е речиси распаднат. Идните генерации на Кито се во тек и би требало да ги спасат археолошките драгоцености од времето на шпанската колонизација. За да ја осетите таа атмосфера, задолжително да ја посетите Ла Компања, барокна црква која е подигната во периодот помеѓу 1605 и 1765 година.
На патот од религијата до политиката морате да помините од Плоштадот на независноста во кој доминира Споменикот на независноста, а се наоѓа на некои десетина метри од Ла Компања. Тука е претседателската палата и седиштето на Владата на Еквадор која е отворена за посетители во текот на работните денови.
Одејќи понатаму кон плоштадот Сан Доминго, се наоѓа истоимената црква која ја изградиле доминиканските монаси во осумдесеттите години на 16 век. Зад плоштадот на улицата Мотуфар 352 ќе го најдете можеби најинтересното место во стариот град. Станува збор за училиштето Escuela Taller во кој се учат традиционални вештини – од столарство до ѕидарство.
Понатаму се наоѓа Ла Ронда, боемски кварт преполн со кафичи, а за добар оброк најдобро е да го посетите хотелот Casa Gangotena на плоштадот Сан Франциско, чиј кувар Andreas Davila ја оправдува титулата за најдобар ресторант во градот.
На истиот плоштад можете да ја видите преубавата црква и манастирски музеј основани во 1536 година, во која сеуште живеат околу 50 монаси.
Веднаш зад аголот е Casa del Alabado, зграда од 17 век која денес служи како археолошки музеј. Тука се наоѓа и затворениот трговски центар Сан Франциско на аголот на улиците Rocafuerte и Chimborazo. Освен неверојатниот избор на овошје и зеленчук, овде може да се најде и најразлични видови на зачини. Тука можете да го испробате и третманот за прочистување со билки кој чини околу 3 американски долари, а слични услуги можете да добиете во поголемиот број на хотели.

Извор: http://www.b92.net
Изработиле: Славица Тенекиџиева и Тодорче Тановски

Објавено од:

Од категорија: По Светот

Leave a Reply

*