Исланд: Земја на мразот и лавата

3.02.2013

Карактеристично за Исланд, татковината на викинзите и троловите се уникатните гејзери, вулкани и водопади. Има архитектура како од бајките, а во Рејкјавик живеат 70% од населението во Исланд. Туристите кои се желни за недопрени предели, за непознати природни феномени, патувања кои целосно се разликуваат од останатите вообичаени одмори се идеални патници за Исланд. Сите жители на земјата на викинзите и троловите ги поврзува само еден автопат, кој овозможува да се видат едиствените природни убавини. Затоа за патување во оваа земја на глечерите и огнот, најдобро е да се изнајми добро опремен џип и доволно храна.
Дури 70% од населението на Исланд живее во главниот град Рејкјавик, а останатите по крајбрежјето на островот. Патувањето почнува токму од тука, а продолжува 100 километри од престолнината. А таму на посетителите им застанува здивот од тоа што го направила природата. Првата атракција е т.н Златен круг, црвената патека и националниот парк. Тука се наоѓа и славниот гејзер, по која оваа природна појава го добила името. Со тек на време овој гејзер станал неактивен, меѓутоа сеуште има неколку мали гејзери кои се привлечни за посетителите бидејќи се активни на секои 20 минути. Во близина е и водопадот Гулфус, кој воодушевува со совршено зелена, речиси флурисцентна боја, како и згаснатиот кратер на вулканот Керид, специфичен по црвените камења, кој на дното е исполнет со вода.Оние кои доаѓаат на овој пат треба да знаат дека овие туристички точки се само основни показатели. Незаборавните моменти настануваат возејќи се низ потполно планинските и пусти патишта, кои се тешко проодни дури и со џип. Самиот Рејкјавик е далеку поразличен од европските градови. Ниските згради и куќи обоени во сино и жолто, едносмерните улици, намалениот сообраќај – таков е главниот град на Исланд. За него се вели дека е заробен во дваесеттите години на минатиот век, па и самите жители го негуваат тој романтичен изглед, кој нема врска со модернизацијата.

Исландските вулкани можеби предизвикуваат неред во воздушниот сообраќај, ама секако претставуваат и туристичка атракција на Исланд. Секоја година голем број туристи привлекува Ејафјадлајекидл, чие име едвај се изговара, но сепак неговата убавина ги остава посетителите без здив. Покрај тие што доаѓаат да го видат од далеку, се оганизираат и туристички прошетки по глечерите, кои се сместени во близина на вулканите. Овие прошетки чинат околу 250 евра. Секој кој ќе го посети Исланд мора да го почувствува контрастот на мразот и огнот. Затоа населението во Исланд, од геотермалните води кои достигаат и до 100 степени целзиусови, направија вистински туристички бум. Разладената вода, која поминува низ цевки и чија температура паѓа на 30-40 степени, тие ја искористиле да направат отворен спа-центар сред лавичното поле недалеку од Рејкјавик. Станува збор за туристичката атракција позната под името Сина Лагуна. Водата е густа, бела и туристите тешко можат да се движат низ неа, но затоа имаат можност да се капат во вода со 40 степени целзиусови, додека надвор е едвај 10 степени целзиусови.

Извор: http://www.b92.net/putovanja
Изработиле: Тодорче Тановски и Славица Тенекиџиева

Оваа статија е прочитана 7333 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *