Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » Магичниот турски брег

Магичниот турски брег

21.02.2013

Земјата која се протега на два континенти, Европа и Азија е една од најпопуларните дестинации за летување, а тоа и не е чудно ако во предвид ги имаме прекрасниот пејзаж и песочните брегови, со тоа незаборавниот одмор ни е загарантиран, станува збор за Турција. Постојат голем број одмаралишта во Турција, само останува да изберете на кое место ќе отидете. Мармарис е едно од нив и се наоѓа на јужното крајбрежје каде што се спојуваат Средоземното и Егејското море. Ако барате одмор со добар ноќен живот, речиси ниту еден град покрај брегот нема да ве разочара. Исто така, нема да ви недостига ни погледот кон преубавите градби со кои е богат, пред се, Истанбул. И сончевите брегови долж Медитеранот не се за запоставување. Кристално чистото море е иделано за водени спортови. Постојат многу можности за авантура како што е планинарењето на некои од турските планини, како што се Аратату на исток и планината Качкар во црноморскиот регион. Летувањето во Турција не е целосно ако не сте ја пробале луксузната домашна кујна. Изберете пилав во гарнир со месо или со некои други специјалитети од пилешко и нема да се покаете. Со умерена клима и фасцинантната историја, Турција нуди за секого по нешто. Турското медитеранско крајбежје, тиркизниот брег е долг речиси 1 600 километри и е исполнет со преубав бел песок и плажи, и е опкружен со стари градови кои сега се рушевини. Ова крајбрежје е прво на кое помислуваме кога сакаме одмор во Турција. Има поубави плажи и места за одмор од Егејското Море, потопло е, а водата е посолена дури и од Црното Море. Планината Таурус (Торос) ни овозможуваат драматичен поглед долж крајбрежјето, а на некои места реките ја измиле седиментацијата и создале плажи кои се богати со плодно тло, погодно за одгледување на памук, зеленчук, па дури и тропско овошје како што е бананата.

БОДРУМ

Некогаш познат како Халикарнас, популарното одмаралиште и пристаниште за јахти Бодрум, се наоѓа на најјужниот крај на егејското турско крајбрежје каде што можете да го видите оригиналниот Маузолеј (Mausoleum), еден од седумте светски чуда, како и замокот Св.Петра, тврдина која денеска претставува најпознат музеј на подводна археологија. Плажите од десната страна на градот се мали и водата тука не е премногу чиста, но затоа постојат и други плажи во близина на Бодрумскиот полуостров.Ноќниот живот тука е многу динамичен и богат.

МАРМАРИС

Лордот Нелсон се одмарал во заливот со магична природа уште во 1798 година, па потоа запловил да го порази Наполеон во битката кај Абукира. Од тогаш, ова пристаниште е мирно, односно до процветот на туризамот, 1980-1990 година, кога Турција станала главно пристаниште за јахти. Сега насекаде можат да се видат бродови и јахти. Малата тврдина – дворец сега е претворена во музеј. Траекти превезуваат патници до островот Родос неколкупати на ден. Малиот пазар во градот често е преполн со странци. Одмаралиштата се простираат долж целиот залив и  со нивната бела боја се издвојуваат од совршеното зеленило поради што овој залив го добило името Зелен Мармарис.

АНТАЛИЈА

Главниот град на турската медитеранска област има околу 2 милиони жители. Тоа е модерен град со мал историски центар, одлични археолошки музеи, долги песочни плажи на исток и на запад, аеродром, преубави хотели и поглед кон планина. Многу градби датираат уште од времето на Отоманското царство, некои се реновирани и сега се куќи, бутици и ресторани. Konyaaltı Plajı е најпозната плажа со груб песок и чакал која се протега неколку километри на запад. Песокот е помек на плажата Лара на исток. Долги познати плажи се Сиде и Алања на исток, и Кемер и Олимпос на југ. Посетете ја Анталија поради музеите и плажите до кои можете да дојдите од големиот аеродром на 10 километри од центарот, или преку автобускиот терминал кој се наоѓа 10 километри јужно.Позната е и по секојдневните излети на археолошки места.

Извор: http://www.b92.net/putovanja

Изработиле: Славица Тенекиџиева и Тодорче Тановски

Оваа статија е прочитана 2962 пати!

Автор:

Од категорија: По Светот · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger