Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Викенд предлог, Чудесна Македонија » Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Скопскиот туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Скопскиот туристички регион

24.02.2013

Ако сте во Скопје, не пропуштајте во непосредна близина на центарот на градот да ги посетите Скопското Кале со панорамски погледи кон градот, Старата скопска чаршија со редица културно историски споменици, музеи и галерии, Соборната црква, Црквата Св. Богородица и др. Направете прошетка на Водно, ако не сте во можност да стигнете до врвот, не пропуштајте да стигнете барем до Средно Водно. Одтаму погледајтего Скопје, посететего манастирот Св. Пантелејмон, одморетесе во некој од угостителските објекти. Непропуштајте да одвоите време за прошетка по кањонот Матка. Така ќе доживеете нешто несекојдневно, ќе бидете наградени од природата со мир во душата, ќе добиете нова инспирација. Тука ќе видите и кањон, и река и езеро, и пештери и манастири. Тука можете да видите се. Недалеку од Скопје, само на 25 км растојание по автопат можете да стигнете до Катлановската бања, комплекс од повеќе природни и антропогени објекти со богати балнеолошки и спортско-рекреативни елементи.

Панорама на градот од Скопско Кале

Кањонот Матка на реката Треска

Прекрасен поглед кон кањонот Матка

Катлановска Бања

 Милениумскиот крст на Водно

Автор: д-р Благоја Маркоски

Објавено од:

Од категорија: Викенд предлог, Чудесна Македонија · Tags: ,

Leave a Reply

*