Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Викенд предлог » Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

4.03.2013

Полошкиот туристички регион е посебен, со изразити планини, густо населена рамница, два големи градови, карактеристични културно историски објекти. Затоа, ако сте во близина на овој регион или сте дошле во него, не пропуштајте да го посетите градот Тетово и објектите во него како што се Шарената џамија, Арарат Баба теке, Тетовското кале, тетовската чаршија и тетовскиот Пазар. Посебен ден е потребен за посета на Лешок и манастирот “Св. Атанасиј”, селото Вратница и Шар Планина со локалитетите Попова Шапка, Лешница и др., а може да се одважите за посета и освојување на високите врвови на Шар Планина. Шарпланинско – полошкиот регион е седиште на градот Гостивар, град на гостопримство во чија непосредна близина се наоѓаат локалитетите Вруток (изворот на најголемата Македонска река Вардар) и пештерата Ѓоновица во близина на селото Г. Ѓоновица.

Шарена Џамија во Тетово

Лешочкиот Манастир

Милениумската црква на Попова Шапка

Зимски туристички центар Попова Шапка

Пештерата Ѓоноица (Убавица) во близина на Гостивар

Автор: д-р Благоја Маркоски

Оваа статија е прочитана 15772 пати!

Автор:

Од категорија: Викенд предлог · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger