Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Марс бил погоден за живот, но во далечното геолошко минато

Марс бил погоден за живот, но во далечното геолошко минато

14.03.2013

Научниците на НАСА дојдоа до револуционaрни откритија во областа кои тие ја нарекуваат „временска капсула на докази“. Според нив, Марс некогаш во минатото бил погоден за живот, што го потврдува откривањето на сулфур, азот, водород, кислород, фосфор и јаглерод (клучни хемиски елементи кои го сочинуваат живиот свет) во правот кој Кјуриосити го издупчил минатиот месец од карпата во близина на кратерот Гејл.
„Основното прашање на оваа мисија беше дали Марс некогаш бил погоден за живот“, изјавил Мајкл Мајер, лидер на Програмата за истражување на Марс на американската вселенска агенција. „Врз основа на ова што сега го дознавме, одговорот е – да!“. Собраните информации укажуваат дека областа Јелоунајф која роверот на НАСА сега ја устражува, некогаш била со цел систем од реки или бил дно на езеро што ги исполнувало условите за развој на микроорганизми. Во примерокот од карпата биле пронајдени и минерали од глина, сулфати и други хемикалии за чие формирање е неопходна вода. Инаку во кратерот Гејл сѐ уште се видливи трагите од некогашните речни корита. Целата област ја сочинуваат седиментни карпи со различни текстури, а сето тоа сигнализира на геолошки активна планета со многу влажно минато. Водата која пред неколку милијарди години постоела на Марс, била неутрална, односно би можела да се пие. Научниците планираат Кјуриосити уште неколку недели да ја истражува областа Јелоунајф, пред да се премести од централниот дел на кратерот Гејл кон планината Шарп. Испитувањата на слоевите би требало да дадат повеќе информации за тоа колку траеле и какви биле условите за живот на оваа планета. Првичните сознанија одат во прилог на тоа дека можеби Марс и Земјата имале слична историја во првите милијарда години, кога на двете планети постоеле наједноставни форми на микроорганизми. Зошто драстично се смениле условите на Марс подоцна, останува вистинска мистерија.
Сето наведено не значи дека денес на Марс сеуште има услови на живот, дури и на наједноставни организми, како што погрешно интерпретираат медиумите. Веројатно уште пред 2-3 милијарди години тие услови сосема се смениле и станале непогодни и негостољубиви, пред се поради губењето на водата.
Леталото Кјуриозити кое е тешко 900 килограми слета во кратерот Гејл на Марс во август, со што ја почна двегодишната мисија во потрага по знаци дека на Марс некогаш имало микробиолошки живот.

Подготвила: Стефани Стојановиќ

 

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: ,

Leave a Reply

*