Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена, Географски вести » Започна со работа најголемиот и најскап телескоп на Земјата

Започна со работа најголемиот и најскап телескоп на Земјата

14.03.2013

Најмоќниот телескоп на светот ALMA (Atacama Large Millimeter Array), денес (13 март) е ставен во функција. Покрај големата моќ, тој е највисок, а и најскап на планетава. Сместен длабоко во чилеанската пустина Атакама (која е многу сува и без облаци), ALMA се состои од 66 џиновски антени. Гигантското око ќе погледне длабоко во вселената за прв пат веќе оваа седмица. Средината на пустината, најсувото подрачје на планетата Земја се претвори во научно-истражувачки центар. Голем предизвик за научниците е самата локација на 5000 m надморска височина, каде температурните разлики се екстремни. Техничкиот зафат не е ни малку едноставен, а инвестирано е повеќе од една милијарда евра, со тоа што е најскапиот зафат од оваа област до сега. Самите антени се најкомплексни и најпрогресивни до сега и ќе ги регистрираат промените во магнетното поле во субмилиметарски вредности. Целта на ALMA е откривање на тајната и мистеријата за настанокот на вселената. Телескопот ALMA би требало да им овозможи увид на астрономите во процесот кој трае повеќе од 13 милијарди години.
Поголемиот дел од овој систем доаѓа од Германија. Прецизноста на мерењето е од пресудно значење. Исто така, било важно и поставувањето на системот од антени, особено изградбата на телескопското огледало кое се протега 12 m во височина. Сите елементи мора да имаат исти карактеристики. Единствено така е смислена употребата на интерферометар. Нема одстапувања, се мора да биде премногу прецизно. Доколку една антена има малку поинаква позиција, може да доведе до грешки во мерењата. Проектот не е смислен преку ноќ. Техничарите и инжинерите мораа да утврдат дали е можно прецизно и сингронизирано позиционирање на антените, особено во регионот кој бил предвиден за изградба на најголемиот телескоп. Оној момент кога е дадено “зелено светло”, специјални возила за транспорт на градежна опрема биле транспортирани од Германија. Технологијата од Европа овозможи склопување на антенската конструкција точно во милиметар. Се надеваме дека ALMA ќе ја задоволи нашата љубопитност, не само на професионалците, туку и на секое дете кое гледа во небото полно со ѕвезди, прашувајќи се колкав дел од вселената заземаме!

Подготвила: Стефани Стојановиќ

Оваа статија е прочитана 2629 пати!

Автор:

Од категорија: Вселена, Географски вести · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger