Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Во организација на Македонското географско друштво, одржан семинар за наставниците по географија

Во организација на Македонското географско друштво, одржан семинар за наставниците по географија

20.03.2013

Согласно програмските активности, претседателството на Македонското географско друштво, на ден 16.03.2013 година (сабота) во просториите на Институтот за географија при Природно-Математичкиот факултет во Скопје, организираше еднодневен семинар за наставниците и професорите по географија од основните и средните училишта. Семинарот беше наменет главно за стручно усовршување на наставниот кадар во основните и средните училишта. Во таа смисла, беа презентирани неколку интересни и актуелни теми и тоа:

  • Меѓусебните влијанија на глобалното затоплување и стопанските активности, од предавачот д-р Дејан Илиев, доцент на Институтот за географија;
  • Глобалните навигациски сателитски системи во функција на наставата по географија, од предавачот д-р Свемир Горин, асистент на Институтот за географија;
  • Работните обврски на географите во општественото живеење кај нас и во светот, од предавачот м-р Иван Радевски, асистент на Институтот за географија;
  • Подземните карстнио форми во функција на наставата по географија, од предавачот м-р Билјана Гичевски, професор по географија во ОУ “Х.Т. Карпош”- Скопје.

Овој семинар беше еден од помасовните со вкупен број од околу 170 присутни наставници, професори по географија и други гости. Презентираните теми предизвикаа големо внимание, дискусија и повеќе интересни прашања.
За време на семинарот, покрај беше извршен реизбор, односно реизбор на раковдните тела на Македонското географско друштво.
Во завршниот дел на семинарот, се разговараше за актуелните проблеми со кои се соочуваат наставниците и професорите по географија во секојдневната работа. Од страна на претседателот на МГД, проф. д-р Благоја Маркоски, присутните беа известени за организацијата на претстојните општински и државни натпревари по географија. Исто така, дадени се повеќе информации во врска со организацијата на големиот меѓународен симпозиум под наслов: “Проблеми и перспективи на ридско-планинските подрачја ”, кој во организација на МГД ќе се одржи во Охрид, од 12 до 15 септември оваа година.
Семинарот беше целосно успешен, како во однос на формалниот, стручно-информативен дел, така и во неформалниот дел преку бројните контакти и дружењето на присутните географи.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: , ,

Leave a Reply

*