Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Чудесна Македонија » Tуристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Мавровско-дебарски туристички регион

Tуристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Мавровско-дебарски туристички регион

21.03.2013

Мавровско дебарскиот регион, со изобилството од природни и антропогени објекти е неисцрпен за посетителите. Но сепак посетителот кој е во близина или стигнал на овој простор, неизоставно треба да се задржи и прошета во Маврово и околу Мавровското Езеро.

Пролетен пејзаж од Маврови Анови кон Мавровското Езеро и Бистра Планина, вода, шума, воздух, слобода на душата

Еден ден би бил вистинско уживање да се посети платото на планината Бистра со нејзините пространи пасишта, понорот Тони Вода, селото Галичник (Галичка свадба, 12-ти јули, Петровден), традиционалните бачила. Таму пробајте го најквалитетното сирење и кашкавал и напијте се ладна планинска вода.
Ако го напуштате Маврово продолжете по кањонот на Радика, посетете го монументалниот манастир Св. Јован Бигорски, населбите по долината на Радика за да ги запознаете културата и традицијата на луѓето. За похрабрите овде е врвот Кораб 2764 м, највисок во Република Македонија.


Манастирот Св. Јован Бигорски

Поглед кон Корабскиот Масив и врвот Кораб


Дел од текот на реката Радика, бисерот на Македонските реки

Манастирот Св. Ѓорѓи – Рајчица, во близина на Дебар

На пат ќе ве сретне Бањата Косоврасти, манастирот Рајчица, градот Дебар и бањата Бањиште. Понатака следи посебен ден за да се види и доживее заезерената клисура на Црн Дрим со езерата Шпиље и Глобочица, и така полека ќе стигнете кон Охридскиот регион.

Дебарската Акумулација на двете бисерни реки Радика и Црн Дрим

 Автор: проф. д-р Благоја Маркоски

Оваа статија е прочитана 3648 пати!

Автор:

Од категорија: Чудесна Македонија · Tags:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger