Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Наставни » Успешно одржани државните натпревари по географија

Успешно одржани државните натпревари по географија

15.04.2013

На 13-ти април во организација на Македонско географско друштво по 34–ти пат се одржаа државните натпревари по географија. Настанот се одвиваше во Скопје, а со гостопримливоста не удостои СУГС „Лазар Танев“, кое и во годините наназад беше домаќин на неколку натпревари на ниво на Скопскиот регион.
Се натпреваруваа 170 натпреварувачи од основните и средните училишта од цела Македонија. Заедно со нив беа нивните наставници ментори, родители, љубители на географијата, со што овој значаен географски настан собра на едно место околу 300-ни луѓе од целата земја.
Конкуренцијата меѓу натпреварувачите беше голема, како поради бројката, така и поради нивните постигнати резултати на регионалното ниво и предзнаењата со кои доаѓаат. Сите беа добри и подготвени, но само по тројца во секоја категорија се закитиа со награди и тоа кај основните: училишта:
1. Рената Димовска, ОУ „Тодор Ангелевски“ од Битола,
2. Дино Трајков, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје,
3. Мартин Спироски, ОУ „Др. Владимир Божиновски“ од Кичево.

Меѓу натпреварувачите од средните гимназиски училишта:
1. Никола Момироски, СОУ „Гимназија Мирче Ацев“ од Прилеп,
2. Марјана Јаневска, СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци,
3. Стефанија Таевска, СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци.

Кај средните стручни училишта:
1. Мирко Додевски , СОУ „Таки Даскало“ од Битола,
2. Александар Долевски, СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола,
3. Ивона Чочкова, ССОУ „Јовче Тесличков“ од Велес.

Ранг листата на сите учесници може да се проследи на почетната интернет страница на Институт за географија (www.igeografija.mk).

Во сите години наназад на организација на овие важни географски случувања Македонското географско друштво имало и има целосна поткрепа од свои помагатели, пријатели и поддржувачи на афимацијата на географијата за што срдечно се заблагодарува на:

– Институтот за географија,
– Природно-математичкиот Факултет во Скопје,
– Тримакс Картографија,
– СУГС „Лазар Танев“,
– Сакс Стил,
– МЕГА Зоран ДООЕЛ,
– ИДБЦ- Информативно-деловен бизнис центар, Скопје

Посебна благодарност упатува до директорот на СУГС „Лазар Танев“ господинот Зоран Николовски за гостопримливоста со која го прифати ова случување, како и до групата студенти од четврта година на студии по географија: Трајче Лазароски, Јордан Червенка, Благојче Најдоски, Садат Реџепи и Глигорије Џилвиџиев кои помогнаа околу техничката реализација на натпреварот.

Останува само да им се честита на победниците кои беа најдобри меѓу најдобрите и да посакаме следната година на ова географско збиднување да се сретнеме во уште поголем број.

Подготвил: д-р Билјана Апостоловска Тошевска, секретар на МГД

 

Оваа статија е прочитана 4299 пати!

Објавено од:

Од категорија: Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger