Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Природник... » Од Архивата: Студентска размена со Нови Сад, 2005.

Од Архивата: Студентска размена со Нови Сад, 2005.

На Петроварадинската тврдина.

Околу една година по официјалното реактивирање на ИЗСГ “Природник“ и неколку месеци вклученост во интернет мрежата на ЕГЕА (Европската географска асоцијација на студенти и млади географи) следеше и првата меѓународна активност, студентската размена со ЕГЕА Нови Сад. Падна договор првиот дел од размената да се реализира во Нови Сад во периодот 21-26.03.2005 година. Интересот за учество кај нашите студенти беше голем, што и не беше невообичаено со оглед на тоа што во тоа време редовниот состанок на ИЗСГ Природник не поминуваше без присуство на барем 30-тина членови. Се одлучи на размената да патуваат 13 студенти од нашиот институт, од сите четири години на студии, со што до денес остана како најмасовна размена на ЕГЕА Скопје.

 

За време на шестдневниот престој во Нови Сад беа реализирани низа посети и активности. Почнувајќи од разгледот на градот и прекрасната Петроварадинска тврдина, низа музеи, ПМФ и департманот за географија и туризам, понатаму продолжувајќи во околината со посета на Сремски Карловци и националниот парк Фрушка Гора. Покрај Дунав се одигра и ревијален фудбалски натпревар кој заврши со победа од 4:2 за домаќините. Ноќниот живот и дружењето исто така беа на највисоко можно ниво, со разновидна програма секоја вечер.

Последниот ден беше резервиран за посета на главниот град Белград и неговите знаменитости, за вечерта да се збогуваме со колегите од Нови Сад и да си посакаме што поскоро повторно видување. Ние го фативме ноќниот воз за Скопје, тие за Нови Сад. Следното наше дружење и повратната размена договоривме да бидат на есен, кај нас во Македонија.

 

 

Пишува: Александар Кирковски

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: , , , , ,

Еден одговор на "Од Архивата: Студентска размена со Нови Сад, 2005."

  1. Методиј Богоевски says:

    Е Алек бе, баш убаво ме потсети на се и на сите од размената, и нашите и нивните :). Поздрав до сите од тие времиња.

Leave a Reply

*