Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Успешно организиран меѓународниот научен симпозиум: Проблеми и перспективи на ридско-планинските подрачја

Успешно организиран меѓународниот научен симпозиум: Проблеми и перспективи на ридско-планинските подрачја

25.09.2013

Од 12 до 15 септември, 2013 година во Охрид во организација на Македонско географско друштво се одржа меѓународниот научен симпозиум на тема: ПРОБЛЕМИ И ПЕРСПЕКТИВИ НА РИДСКО-ПЛАНИНСКИТЕ ПОДРАЧЈА. Овој значаен настан беше повод за соработка и дружење на над 60 излагачи од повеќе земји и тоа Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Словачка, Црна Гора и Египет. На наше големо задоволство на симпозиумот беа присутни и професори по географија од училиштата ширум Македонија, кои присутвото на симпозиумот го ставија во функција на своја професионална надградба. Почетокот на симпозиумот беше означен со свеченото отварање и поздравните обраќања на претседателот на Македонско географско друштво проф. д-р Благоја Маркоски, како и проф. д-р Никола Панов, продекан на Природно-математичкиот факултет, проф. д-р Драгица Живковиќ од Географскиот факултет во Белград, проф. д-р Милена Мојзеова од Словачка, проф. д-р Георги Леонидов Георгиев од Југозападниот Универзитет од Благоевград, Бугарија, проф. д-р Милка Бубало- Живковиќ од  Природно-математички Факултет во Нови Сад, Јелена Лончар од Факултетот за наука, департман  за географија во Загреб, проф. д-р Никола Димитров од Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Симпозиумот се одвиваше низ неколку сесии посветени на:

  • ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ И УПОТРЕБАТА НА ЗЕМЈИШТЕТО ВО РИДСКО-ПЛАНИНСКИТЕ ПОДРАЧЈА
  • ДЕМОГРАФСКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО РИДСКО-ПЛАНИНСКИТЕ ПРОСТОРИ
  • ПОЛИТИКА ЗА ЕКОНОМСКИ И РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА РИДСКО-ПЛАНИНСКИТЕ ОБЛАСТИ
  • КАРТОГРАФИЈА, ГИС, ПРОБЛЕМИТЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НЕЈЗИНА ЗАШТИНА, ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИТИКИ И ПРОГРАМИ ЗА РАЗВОЈ

Како резултат на презентирање и согледување на заедничките проблеми во ридско-планинските простори, произлегоа и конкретни заклучоци:

  1. Посоодветен третман на ридско-планинските подрачја од страна на државните институции
  2. Нова административно-територијална организација во ридскопланинските простори
  3. Спроведување на Попис на населението во Република Македонија
  4. Изградба на предвидените капитални објекти во ридско-планинските простори
  5. Мобилност на работната сила од демографски посилните региони кон ридско-планинските подрачја
  6. Регистрација на родените според местата на живеење на родителите
  7. Инфраструктурно опремување и уредување на населените места воопошто во руралната и особено во ридско-планинските подрачја
  8. Изработка на стратегија за развој на ридско-планинскиет простори
  9. Заеднички настап на научниот и истражувачки кадар од соседните земји и пошироко во решавањето на проблемите во ридско-планинските подрачја.

По работниот дел, дружењето продолжи низ музика и разговор на свечената вечера, а веќе следниот ден се реализираше екскурзија до Свети Наум, со попатна посета на музејот Заливот на Коските. Секако овој значаен географски настан во реализација на МГД, не би можел да се оствари во целост без моралната и финансиска подршка од Природно-матаматичкиот Факултет и Институтот за географија, поради што искажуваме голема благодарност. Истовремено голема благодарност укажуваме и до членовите на Научниот и организациониот одбор за своето залагање.

 

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*