Чудо на природата: Подводен водопад на островот Маврициус

23.10.2013

Островот Маврициус е познат како еден од најубавите недопрени тропски острови кои со своите егзотични пејзажи привлекува многубројни туристи. Овој популарен остров, покрај многубројните природни богатства во кои можете да уживате, нуди единствен природен феномен кој ве остава без здив. Островот Маврициус се наоѓа во Индискиот Океан на околу 2.000 км од брегот на Африка. Островот располага со многу природни убвини, но она што го издвојува е уникатната оптичка илузија на подводен водопад. Имено, главниот “виновник” за ова се морските струи, бидејќи тие со тек на времето го донеле песокот од брегот на Маврициус правејќи каскади, односно наслаги кои што дават впечаток како водата истекува во океанот. Оваа фантастична гледка најдобро е да се набљудува од воздух. Кога ќе го погледнете од друг агол, може да се види синило во океанот, мешање на тиркизна, сина и смарагднозелена боја кои се преливаат надолу како водопад. Сознанието дека ова не е вистински водопад не ја намалува неговата убавина, затоа што покажува како природата секогаш се поигрува со интригантното и недоволно истражено пространство во океанот.

Извор: http://www.telegraf.rs/
Подготвиле: Славица Тенекиџиева и Тоше Тановски

Оваа статија е прочитана 4810 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *